Нинисто: Финска е подготвена да пристапи кон НАТО и без Шведска

February 22, 2023
1 min read

Доколку ја добие последната преостаната ратификација за својата кандидатура за НАТО, Финска е подготвена да се приклучи кон Алијансата без оглед на тоа каков напредок ќе постигне Шведска во процесот на пристапување, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

Финскиот парламент го иницираше процесот за ратификација на приемот на оваа нордиска земја во НАТО, без разлика што и Шведска и Финска истовремено поднесоа барање за влез во Алијансата.

Блумберг пренесува дека Турција сè уште претставува пречка за влез на Шведска, додека членството на Финска повеќе не е проблем.

-Нашиот парламент ќе ја донесе својата одлука и доколку Турција и Унгарија ја ратификуваат нашата кандидатура, ние ќе станеме членки на НАТО, рече Нинисто на заедничката прес-конференција со премиерите на Шведска и Норвешка.

Коментарот на Нинисто е последниот сигнал дека Финска се подготвува да влезе во Алијансата без Шведска, нејзиниот сосед и близок сојузник чија кандидатура за членство не е одобрена од Турција.

Нинисто инсистираше на тоа дека неговата изјава не треба да се толкува како најава дека Финска се оградува од својот сосед, но се очекува финските пратеници да гласаат за ова прашање веќе на 28 февруари.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО 

Следно

Во вечерните часови продолжува расправата за реконструкција на Владата

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop