Николоски: Целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата

December 30, 2025
1 min read

Инвестираме 21 милион евра за набавка на пет нови електрични локомотиви кои ќе бидат од суштинско значење за зголемување на карго-транспортот, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и директорот на МЖ Транспорт, Дејан Кошутиќ го потпишаа Договорот за заем од ЕБРД за набавка на нови електрични локомотиви.

Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири кои се понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, изјави Николоски.

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски.

-Навистина ми е драго што денес имаме можност да го заокружиме еден исклучително важен процес кој ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови. Ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт и во делот на карго-превозот и во патничкиот сообраќај.

Сите се сеќаваме дека минатата година, во моментот на формирање на Владата, состојбата беше исклучително тешка. Имавме нула оперативни локомотиви, практично железничкиот транспорт беше парализиран, а бројни композиции стоеја на македонските пруги бидејќи немаше со што да се оперира.

Со интензивна работа и со поддршка од претседателот на Владата, успеавме во текот на минатата година да ставиме во функција пет локомотиви, а денес веќе имаме над 11 функционални локомотиви. Со тоа целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата.

Во таа насока, набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго транспортот. Од постојните 11 локомотиви, четири се понови, а седум се постари. Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај.

Ова е особено важно за Коридорот 10, кој треба да бележи раст во наредните години, како и за Коридорот 8, кој во моментов интензивно го развиваме преку значајни инвестиции во железничката инфраструктура.

Истовремено, оваа инвестиција е дел и од пошироката визија за Скопје, подобрување на квалитетот на воздухот преку воведување на градскиот воз. Во моментов се работи на една од трите линии во делот на инфраструктурата, а во следните две години ќе се работи и на преостанатите две. Кога целиот проект ќе биде завршен, по тие линии ќе сообраќаат исклучиво електрични возови, со јасна цел, целосно да се елиминира употребата на дизел локомотиви и дизел возови во главниот град и да се придонесе за подобар квалитет на воздухот.

Сега влегуваме во потешкиот, но клучен дел, успешно спроведување на набавката. Се надевам дека до март, во соработка со ЕБРД, ќе успееме да го објавиме повикот и потоа успешно да ја реализираме испораката на новите локомотиви” , се обрати Николоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Радост за најмладите, забава за сите: ‘Зимска приказна’ во Битола

Следно

Не е сè толку лошо – добри моменти од 2025 година

Latest from Blog

Министерот за здравство на САД призна: Шмркав кокаин од даска на тоалетна школка (ВИДЕО)

Зборувајќи за своето закрепнување во подкастот на комичарот Тео Вон „This Past Weekend“, Кенеди објасни дека се сретнал со водителот на подкастот на утрински состанок за закрепнување пред пандемијата COVID-19 и дека

Мисајловски од Минхен: Историски најголем буџет за модернизација во одбраната, набргу нè очекуваат и многу нови договори

Историски најголем буџет издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години. Благодарност до пратениците и до секој еден кој што ни дава поддршка бидејќи станува збор за огромна сума на

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Илијана Јотова изјави дека Софија е загрижена поради информации дека Северна Македонија разгледува алтернативни начини за отворање на други поглавја од пристапните преговори со Европската Унија, наместо започнување со првиот кластер кој

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително
Go toTop