Николоски: Три големи инфраструктурни проекти пуштаме во употреба за неколку недели

January 5, 2025
1 min read

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка. Вториот е експресниот пат Градско -Дреново дел од коридор 10 д и третиот е проектот кој се најавува уште кога бев дете, а сега прв пат има реализација а тоа се првите 40-тина километри од пругата кон Бугарија, потегот од Куманово до Бељаковце, истакна вицепремиерот Николоски во гостувњето во Дневникот на ТВ Сител.

-Јас не се сеќавам во Македонија за неколку недели да се отворат три крупни капитални проекти, што мислам дека е добро и за целокупната енергија во државата. Гледам многу позитивни коментари после настанот вчера, народот сака добри вести, сакаат реализирани проекти, сакаат да видат дека може нешто да се заврши. Кога бевме избрани се соочивме со проекти кои немаа јасен проектен менаџмент или беа заглавени го огромни проблеми. Сега тоа се е сменето. Реков Грдско – Дреново ќе го пуштиме во сообраќај. Почнавме да го градиме автопатот Прилеп -Битола што значи дека и тој дел ќе биде квалитетно поврзан. Од другата страна на коридор 8 веќе имаме автопат Скопје-Тетово, можам да најавам дека овој месец започнуваме со изградба на автопат Тетово-Гостивар бидејќи ова што сега го имаме не е автопат. Гостивар -Букојчани веќе се работи на популарната Стража, Букојќани -Кичево веќе имаме тендерирање и Кичево -Охрид интензивно се работи, што значи дека заедно со експресниот пат што сега го пуштивме некаде во 2028 година од Охрид до Крива Паланка ќе има или автопат или експресен пат што ќе значи целосен реализиран коридор 8 и ние ќе сме единствена држава која на мапата на коридор 8 ќе имаме целосна врска затоа што тоа е наша стартешка предност, истакна вицепремиерот Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Долги колони возила заглавени кај Маврово по викендот

Следно

Дебар маалчани и годинава го запалија огнот во предвечерието на празниците Коледе, Бадник и Божик

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop