Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце

October 31, 2024
2 mins read

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го предупредувал Ејуп Рустеми поранешниот директор на ЈП за државни патишта дека трошоците за проектот пораснале од 172 на 240 милиони евра заради два пати промена на проектната документација. Истата компанија предупредува дека тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на седницата на пратенички прашања.

Тој на собраниската говорница ги објави документите и како што истакна во кои се потврдува дека проектот намерно се одолговлекувал и се спроведувал на овој начин се со цел една фирма да го добие тендерот за изградба на тунелите.

“Ова е докумет кој што прв пат излегува во јавност. СУЕЦ на 31 мај му праќа писмо на Ејуп Рустеми – вашиот член, кое што Рустеми го крие и каде што во точка 4 – Трошоци за проектот се вели дека два пати го менувал проектот и трошоците растат од 172 на 240 милиони евра. Извинтете ама јас криминал на Ејуп Рустеми нема да реализирам. 70 милиони евра плус да се потрошат на македонските граѓани и со 20 % од анексот и затоа реков до 300 милиони евра ќе оди овој проект, јас тоа нема да го дозволам. Второ, нов документ од СУЕС, на 17.09.2024 испратено до новиот директор Коце Трајановски. Во точка 1 –Услови на рефернеца за проектирање се вели дека намерно тунелите се погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди. Кога би имало тендер кој би го распишал Ејуп Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Извините, ниту јас, ниту Премиерот ниту Коце, ниту ЕБРД не се наивни да финансираат криминал. Знаете зошто вака тунелите се проектирани, затоа што само една компанија може вака да го добие проектот. И не зборувам јас, туку зборува СУЕС најголемата компанија која го градела Суецкиот канал”- истакна министерот Николоски.

Министерот Николоски објави дека компаниите Јубај 2 Амет, Фрукта Фрута, Кадис Холдинг и Атлантик Дооел се фирмите кои ги купувале плацевите од физички лица каде требало да поминува трасата на автопатот, притоа плацевите биле препродавани неколку пати.

“Никогаш не е направена јавна презентација на 3-те траси што е законска обврска. Средствата за автопатот за прв пат се одобрени 2019, потврдени 2020 година. Зошто не е објавен теднер во 2021, за да може да се продаваат парцелите и да се намести тендерот само една компанија да го добие и само таа компанија да гради тунели”- рече министерот Николоски.

Во однос на поврзувањето и дизајнот на автопатот тој додаде:

“Сакам и ќе се изгради автопатско решение од Скопје до Блаце. До сега автопатско решение нема. Има два километри кои започнуваат никаде и завршуваат никаде. Претпоставувам знаете кога патувате од Приштина кон Скопје знаете дека тие 2 километри не се поврзуваат со постојаниот автопат од другата страна на границата. Добро прашање е како ќе се поврземе кога никаде не се спојуваат, а овие 2 километри започнуваат од граница со Косово кон Скопје и започнуваат никаде, а завршуваат исто никаде бидејќи завршуваат во една дупка од 50 метри” – истакна министерот Николоски.

Тој од собраниската говорница го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Членовите на Управниот одбор бараат итна седница на ФФМ

Следно

ДУИ: Мицкоски продолжува со измислици, цела комуникација со ДУИ веднаш нека ја објави

Latest from Blog

Димовски: Политичката неизвесност во Србија е можност за македонската економија

Македонија треба активно да ги идентификува и да им пристапи на инвеститорите што поради политичката неизвесност во Србија би ги преиспитале своите планови, оцени поранешниот пратеник Илија Димовски во гостувањето во „Тема

Стојаноски: Приходите од концесии пораснале за 127%, продуктоводот проработе по 13 години

Пратеникот Бојан Стојаноски ги издвои зголемените приходи од концесиски надоместоци, повторното функционирање на продуктоводот Солун–Скопје и гасните поврзувања со соседните држави како резултати со кои ја бранеше работата на министерката Сања Божиновска

Пренџов: За две години претходната власт ја поскапи струјата за 42,7 проценти

Пратеникот Љупчо Пренџов ја доведе во прашање убедливоста на интерпелацијата за министерката Сања Божиновска, посочувајќи на малиот број пријавени говорници и на неучеството на водечките претставници на опозицијата во расправата. Обраќајќи му

Станковиќ: Рударството мора да носи поголема корист за државата и да ги почитува еколошките стандарди

Развој на рударството со почитување на највисоките еколошки стандарди и со повисоки концесиски надоместоци побара пратеникот Малиша Станковиќ во собраниската расправа за интерпелацијата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања

Позитивен ден на берзата: Промет од 12,37 милиони денари и раст на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 26.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.859,39 поени. Во однос
Go toTop