Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски.
Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза. Овој капитален проект, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот.
Вкупниот буџет за изградбата е обезбеден од страна на Владата преку Министерството за транспорт и врски.
Николоски нагласи дека проектот е дел од стратегијата за развој на инфраструктурата и туризмот, со цел подобрување на животот и економските можности за граѓаните во источниот регион на земјата.


