Николоски: Правилата за патување во ЕУ за земјава одложени за следната година

August 22, 2025
1 min read

Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред работна средба во Стопанска комора на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески.

На средбата, како што беше најавено ќе се разговара за повеќе теми, а посебен акцент ќе биде ставен на проблемот со новите протоколи на Европската Унија, EES (систем за влез/излез) и ETIAS (европски систем за информации и авторизација за патување), како два одделни системи што постепено ги воведува ЕУ за управување и контрола на влезот во Шенген зоната, едниот од 2025-та, а другиот од 2026 година, а кои за компаниите, како што велат од Комората, ќе преставуваат дополнително оптоварување.

-Во однос на правилата за влез во ЕУ тие се одложени за Македонија, ќе стартуваат, ако стартуваат следната година доколку повторно нема одлагања. Во меѓувреме сме во активен дијалог со претставници на ЕУ и по некоја случајност по оваа средба ќе имам средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, која не е поврзана со оваа, но сепак имаме активна комуникација и секако ќе направиме се што можеме за македонските граѓани полесно да влегуваат во ЕУ. Во суштина она што сме информирани е дека постојниот систем на ЕУ се дигитализира, светот, технологијата одат напред и во таа насока треба да се почитува она што го воведува ЕУ од една страна, но од друга страна да не се комлицира процедурата за влез на македонски граѓани. Секако Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања имаат комуникација и заеднички како Влада ќе се координираме кога ќе се воведе, рече Николоски.

Бизнисот, како што посочија од Комората, укажува дека со ваквите протоколи, транспортните оператори се во неповолна положба во споредба со операторите од ЕУ во однос на утврдените ограничувањата, поради Шенгенските правила што го ограничуваат периодот на професионалниот возач кој може да извршува билатерални транспортни услуги (ограничување од 90 дена во текот на кои било 180 дена).

Николоски во ова не гледап проблем бидејќи како што посочи законот е ист и роковите од 90 до 180 дена не се сменети.

Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од шест месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски оддаде почит на храброста на Седмата ударна бригада во Битола

Следно

Зад сцената на „чистата“ струја: што всушност се крие зад бројките за малите хидроцентрали

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop