Николоски: По Швајцарија, и Хрватска воведува долгорочни визи за возачи

May 19, 2026
1 min read

Хрватска усвои закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи, потег што се оценува како големо олеснување за транспортниот сектор и за македонските возачи кои секојдневно работат на европските рути.

Веста ја соопшти вицепремиерот Александар Николоски, кој посочи дека станува збор за реализација на договор постигнат во јануари годинава со хрватскиот вицепремиер и министер за транспорт Олег Бутковиќ.

Според Николоски, новото законско решение е важен чекор во надминување на проблемите што се појавија по воведувањето на ЕЕС системот во Шенген зоната, кој создаде дополнителни ограничувања и административни потешкотии за професионалните возачи од земјите кои не се членки на Европската Унија.

„Ова многу ќе им помогне на македонските професионални возачи. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нивните проблеми“, порача Николоски.

Тој додаде дека Швајцарија веќе издава долгорочни визи за професионални возачи, а очекувањата се и други европски држави да го следат истиот пример со цел да се олесни меѓународниот транспорт и движењето на транспортните работници низ Европа.

Превозниците подолг период предупредуваа дека новите правила во Шенген создаваат сериозни проблеми за возачите кои често престојуваат во земјите на ЕУ поради природата на работата, па ваквите долгорочни визи се гледаат како значително олеснување за целиот сектор објавува Журнал.мк

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Ова не е грижа за студентите, туку обид за политички поени

Следно

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери, во Хрватска усвоен закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop