Николоски: Од Радовиш преку Струмица до Ново Село ќе се гради експресен пат

September 26, 2026
1 min read

Ќе се гради експресен пат од Радовиш, преку Струмица, до Ново Село и границата со Бугарија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според него, веќе е започната постапката за избор на проектантска и консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација за проектот. Во рамки на подготовките треба да се изработат предпроектна документација, еколошки и социјални студии, како и физибилити студија.

Рокот за поднесување понуди е до 8 октомври, по што се очекува избор на консултантската куќа. Студиите, според најавите, треба да бидат завршени во рок од шест до девет месеци, по што би следувал тендер за избор на изведувач.

Николоски посочи дека проектот ќе се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта.

„Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување со Република Бугарија“, изјави Николоски.

Тој додаде дека, доколку постапките се одвиваат според планираното, градежните активности на терен би можеле да започнат до есента следната година.

При посетата на Радовиш, Николоски информираше и дека во општината се инвестираат повеќе од 250 милиони денари за подобрување на инфраструктурата и локалниот развој.

Во завршна фаза е и изградбата на новиот Градски пазар, кој според најавите треба да биде пуштен во употреба за околу еден месец. Инвестицијата е вредна околу два милиони евра и се финансира од буџетот на Општина Радовиш.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се откажуваат летови, концерти и натпревари- силно невреме пустоши низ источниот брег на САД (ВИДЕО)

Следно

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop