Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

August 12, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој на авиосообраќајот и унапредување на туризмот во Македонија.

„Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа“, истакна Николоски, посочувајќи дека во земјава се воведени 28 нови дестинации, а бројот на патници во доаѓање во авиосообраќајот е зголемен за 40 проценти.

Според него, значителниот раст на бројот на туристи дополнително го потврдува потенцијалот за отворање нови авиолинии, креирање туристички аранжмани и реализација на нови инвестиции во туристичката инфраструктура.

„Корендон“ е меѓународна туристичка групација и меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации, додека „Корендон ерлајнс“ годишно превезува меѓу 6 и 10 милиони патници.

Средбата, како што посочува Николоски, претставува можност за продлабочување на соработката со голем меѓународен туристички оператор и привлекување нови туристи во земјава, но и за отворање простор за дополнителен развој на авиоиндустријата и туристичкиот сектор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

Следно

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop