Николоски: Македонија беше рекордер по смртност во корона кризата заради лошите политики во здравството на СДС

October 5, 2025
1 min read

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава.

Николоски зборуваше здравството во земјава, поконкретно како сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, комплетно го уништи здравството за време на неговиот мандат како министер за здравство како дел од претходната власт на СДС и ДУИ.

-Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува, вели Николоски.

Николоски потсети и на случајот Онкологија, веледрогеријата Пановски, инаку позната по тендерите за Онкологија, и случајот со хематологија, за кој обвинителството не презема никаква мерка.

-Тоа е истиот Венко Филипче, на кој што му се случи Онкологија. Но и таму, види чудо, има судски спор за лекарски грешки, ама нема судски спор или барем истрага на обвинителството за начинот на кој што веледрогерија Пановски, на пример, ги добиваше тендерите во истата таа Онкологија. А за хематологија воопшто не сакаат ни да чепнат, рече Николоски.

Тој го посочи и случајот со модуларната болница во Тетово, а и потсети дека Македонија беше рекордер по смртност за време на ковид кризата, под покровителство на Венко Филипче.

„Да не зборуваме за она што го направија со модуларната болница во Тетово и 14 изгубени човечки животи. Да се потсетиме дека Македонија беше рекордер по смртност во 2020,2021 и 2022 година, затоа што освен реклама ништо друго не направија за да го заштитат народот од корона кризата“, заклучи Николоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Лав ги повика католиците да им помогнат на мигрантите

Следно

Невреме низ Европа: Откажани летови, прекини во електричната енергија, нарушен сообраќај…

Latest from Blog

Мароко по пенал-серијата ја исфрли Нигерија и закажа финале против Сенегал

фото: Afcon (X) Фудбалерите на Мароко остварија победа по пенал-серијата против репрезентацијата на Нигерија, откако регуларниот дел од овој полуфинален меч заврши со резултат 0:0. Во финалето, Мароко ќе се соочи со

Фото: Некој напишал навреди на ѕвездата на Трамп на Холивудската патека на славните

Фотографијата е објавена на „Reddit“ од корисникот „u/yourstruly_chris“, а објавата собрала повеќе од 109.000 гласови „за“. Корисникот, кој се претставил како Крис, изјавил за „Newsweek“ дека ја направил фотографијата на 8 јануари

Сензација во Купот на Кралот, Реал елиминиран од второлигашот Албасете

фото: RNE Deportes (X) Каква сензација во Купот на Кралот приреди второлигашот Албасете. Катастрофалниот Реал Мадрид повторно се посрамоти и доживеа неочекуван пораз од 3:2 во осминафиналето против екипата од истокот на

Трамп: САД имаат многу добри односи со Данска, но Гренланд е стратешки важен за САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека САД имаат „многу добри односи со Данска“, но додаде и дека Гренланд е стратешки важен за Америка. „Ни треба Гренланд. Не можам

Сезонскиот грип ја зеде првата жртва, на инфективна хоспитализирани околу 25 пациенти

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со
Go toTop