Николоски: Инфраструктурата е основа за развој – Коридорите 8 и 10 како приоритет за економската и безбедносна стабилност на државата

April 9, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8 и 10 обезбедуваат економска предност и регионална безбедност.

„Македонија има многу да понуди и имаме начин како да се приклучиме и да соработуваме. Коридорот 10, најголемиот бизнис коридор во Европа, се сече со вториот по значење безбедносен коридор на НАТО, Коридорот 8. Тие ни даваат подобра поврзаност и геостратешка предност, затоа Владата посветува големо внимание и инвестиции во нивната модернизација“, рече Николоски.

Тој истакна дека Македонија се позиционира како стратешки партнер на САД во регионот, додавајќи дека и стратешките партнерства потпишани со Велика Британија и Унгарија ја потврдуваат значајната улога на земјата во геополитиката.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛЕ и КЛ: Астон Вила и Фрајбург веќе мислат на полуфинале

Следно

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗА КОРУПЦИЈА! Војните како спас од судска пресуда

Latest from Blog

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗА КОРУПЦИЈА! Војните како спас од судска пресуда

Долготрајното судење за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи во недела, изјави портпаролот на судството во четврток, неколку часа откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната против Иран.
Go toTop