Николоски: Голем отпор има во Судскот совет и Обвинителството, ако не дадат оставки, во еден легитимен процес во Собрание ќе бидат разрешени

February 28, 2025
1 min read

Одредени структури кои со децении се вгнезндени во Судскиот совет и Обвинителството даваат силен отпор. Но во една редовна законска процедура во Собраните ќе бидат разрешени. Граѓаните очекуваат ред и правда и тие што згрешиле ќе одговараат, одговори на новинарско прашање, вицепремиерот Александар Николоски.

Како што истакна тоа е процес кој што граѓаните имаат најголеми очекувања, но за жал се одвива со динамика спротивна на очекувањата на граѓаните од причина како што наведе вицепремиерот Николоски, структурите во овие институции се вгнездени преку три децении и даваат силен отпор.

-Граѓаните очекуваат ред и правда, но за жал ниту Обинителството ниту судството тоа го испорачуваат. Тоа не значи дека сите таму што работат се неспособни или корумпирани, но една мала клика која што е добро поврзана меѓу себе и која политчки има бизнис мотиви го руши целокупниот систем и затоа сакаме да воведеме ред. Првиот чекор беше интерпелациите на членовите на Републичкиот судски совет. И јас очекував дека дента кога ги поднесоа интерпелациите ќе поднесат оставка од причина што мнозинството кои ги избрало веќе не постои и не само што не постои доживеа и катастрофален пораз на парламентарните избори што значи дека народната волја е јасно. Но наместо тоа, тие решија да се спротиставуваат, ќе поминеме низ процедура на разрешување во Собранието и ќе бидет разрешени. Слично е и со Обвинителството. И таму се дава отпор, но тоа е прашање на месец или два. Правдата ќе ги стигне сите тие што згрешиле. Јас можам да кажам само за ресорот што го водам, преку 29 кривични пријави и иницијативи имам поднесено до соодветните институции до сега не е реализирана ниту една што најмногу кажува како и што работат. Слушаме многу ветување но малку реализација, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Парното поскапува: Нови цени од утре!

Следно

Претседателот на Туркије, Ердоган, го прими премиерот на Северна Македонија, Мицкоски

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop