Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

June 30, 2025
1 min read

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една финансиска институција со свои понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат помеѓу себе и ние да добиеме поевтини средства. Очекувам до средината на месец јули јавноста да знае, потенцираше вицепремиерот Николоски.

За Тој зборуваше и за плановите на соседните држави – Грција и Србија, чии активности се насочени кон поврзување со Македонија со двоколосечни пруги, а најави и средби во текот на летото со претставници од грчката Влада и институции.

-Можам да најавам дека очекувам во текот на месец јули да имам средби со претставници на грчката влада, ресорните министри и други институции, на кои детално ќе зборуваме за проектот. Она што охрабрува е дека Грција предвиде некаде околу 640 милиони евра за целосна рехабилитација на пругата од Атина до Солун, која оди некаде до 20км северно од Солун, со што остануваат уште 50км до Гевгелија, за кој иницијалната информација е дека веднаш штом ние почнеме да градиме на наша страна, ќе почнат и тие да градат на својата страна. Во делот на Србија, веќе имаат брза двоколосечна пруга од Белград, преку Суботица до Будимпешта, сега градат Белград-Ниш, и бараат финансирање од Ниш до Скопје, со што очекувам и Србија да гради со нас, потенцираше вицепремиерот Николоски, и подвлече дека сега Македонија е во ситуација да биде најконкурентна за транзит на мапата, а со изградбата на брзата пруга од Коридорот 10 државата ќе заработува по 120 милиони евра годишно.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Следно

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението
Go toTop