Николоски ги презентираше наследените проблеми и проекти што се реализираа во 100 дена Влада

October 3, 2024
7 mins read

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес конференција ги презентираше наследените проблеми и проекти кои  што се реализираа во овие 100 дена од формирањето на Владата.

Во продолжение интегрално обраќањето на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски:

“Состојбата која што ја наследивме не беше ни малку лесна, еден предизвикувачки период и политички и финансиски. Прво самиот факт што наследивме празен буџет на половина година, доволно кажува за можностите за кои што можеше да се реализираат проекти и истите да продолжат и оние кои што се веќе започнати. Би сакал да ја потсетам јавноста дека јас третиот ден како министер се соочив со ревизорскиот извештај кој што пристигна од Државниот завод за ревизија во однос на работењето на ЈП за државни патишта и во однос на работењето на двете железнички претпријатија – ЈП Железници Инфрасруктура и Железница Транспорт и истиот веднаш го доставив до Јавното обвинителство, а за наодите ја информирав и јавноста.

До денес немам информација дали ЈО постапило, ги замолувам да ги разгледаат наодите, се работи за многу сериозни наоди во однос на работењето на ЈПДП и на двете железнички претпријатија и мислам дека дел од одговорите се токму во неправилностите кои што таму се правени.

Тоа беше првиот предизвик со кои што се соочивме. Вториот предизвик беше во однос на нормално функционирање, тука пред се мислам на работењето на Македонска пошта, Железница Инфраструктура и Железница Транспорт. 4400 луѓе беа оставени без плата, знам дека тоа не е големо достигнување но еве веќе трет месец вработените во овие три претпријатија редовно земаат плата и нивните семејства не мора да мислат секој месец да врзвуваат први со први.

Во следниот период ќе следува реструктуирање и реорганизација, намалување на трошоци и зголемување на продуктивноста на сите овие три претпријатија.

Понатаму се соочивме со крупни проблеми во делот на реализација на крупните инфраструктурни проекти, тука зборувам за реализација на автопатите. Охрид- Кичево целосно запоставен и заборавен проект, слична ситуација и со Коридор 8 и Коридор 10 или популарниот договор со конзорциумот Бехтел и Енка. Ништо подобро и реализацијата на експресниот пат од Прилеп до Градско како и на експресниот пат од Кумаоново – Ранковце -Крива Паланка до граница со Бугарија, закочени проекти кои што не се посветувало никакво внимание.

Заедно со ЈП за државни патишта се посветивме на решавање на проблемите, сакам да му се заблагодарам на директорот Коце Трајановски за одличната соработка во овие два месеци и навистна мислам дека првите резултати се гледаат.

Успеавме со Синохридо да се договориме да се повлечат од арбитража и на тој начин Македонија спаси  50-тина милиони долари кои што потенцијално можеше да ги изгуби на арбитража во Париз и се договоривме да ја забрзааат динамиката за работа. Во изминатиов период го изменивме Правилникот и овозможивме прилагодување на рецептурата за асфалт со што веќе првите резултати се видливи и интензивно се работи на делницата Кичево-Охрид. Она што сакам да го споделам со јавноста е тоа што конечно се ефектуираше Анексот 6 кој што беше потпишан 2023 година, а тоа е за дополнителните средства кои се потребни за изградба на автопатот.

Треба да знае јавноста дека тој анекс бил потпишан ама не бил ефектуиран и средствата не беа на располагање и изведувачите последно имаа видено пари минатиот ноември. Од минатиот ноември до денеска не е ништо платено, што би се согласиле, кој би работел една година без пари и да не му се плаќа тоа што го работел и тоа е една од причините што Охрид-Кичево е така заглавен. Конечно во комуникација со ЕКСИМ банката успеавме да ја завршиме целокупната документација што не беше лесно бидејќи година дена пртеходно ништо не се работело.

Минатиот четврток добив информација дека конечно кредитот е ефективен, средствата се одобрени и очекувам од 7 октомври да се стваат на располагање на изведувачите што дополнително ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид – Кичево. Во таа насока правиме и измени на Законот за експропријација во делот на оставински постапки кои што навистина се голем проблем за реализаицја на инфраструктурни проекти и со сето ова очекуваме до почетокот на следната летна сезона поголемиот дел од автопатот да биде ставен во функција односно делот од Врбјани-Арбиново до Охрид со еден мал прекин кај селото Ботун.

Во однос на другите предизвици со автопатите, тоа се Коридорите 8 и 10, без разлика што беа помпезно најавувани скоро и ништо да не се работело. Има бројни проблеми со експропријација, има пролеми со шумски предели кои се наоѓаат на трасата, има проблеми на делот од Прилеп-Битола со нерасчистени мини и бомби од првата светска војна. Можам да ви кажам, со тоа темпо со кое што претходно работела Армијата, до 2026 година немаше да бидат исчистени бомбите и мините на трасата. Ние тоа го забрзуваме и очекуваме до крај на годината и таа работа да биде завршена. Исто така има бројни проблеми со дислокација на водови и објекти, но во соработка со изведувачите и овие ги решаваме и очекувам првата реална работа да ја видите до крајот на овој месец. Ќе стартуваме со Прилеп – Битола со конкретни активности на терен со изградба на автопат и со Гостивар – Букојчани или популарно Стража.

Да не заборавиме дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиони евра, со што ја поништивме одлуката на претходната влада со која што дополнителни 252 милиони евра му беа одобрени за изведувачот за тунел на трасата Гостивар – Букојчани кој што сметам дека е целсно непротребен.

Исто така ги решивме проблемите кои ги имавме на трасата на експресниот пат од Прилеп до Градско, се работи за делница финансирана делумно од ЕУ. Бројни проблеми таму беа наследени. На пример, ЕУ во 2023 година побарала да се формира меѓуресорска комисија меѓу Министерството за транспорт и ЈПДП со цел да се искористат ИПА средствата. Година и половина не беше формирана, откако јас станав министер за две недели таа работа ја решивме и можам да кажам дека се работи интензивно и со целосна одговорност да најавам пред граѓаните дека делницата Прилеп-Градско ќе биде завршена пред Нова година и ќе биде целосно оперативна и ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунели и со брзина од 110 до 130 км на час.

Слична ситуација наследивме и на експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка – граница со Бугарија. И таму ги решивме проблемите и таму имаме финансирање од ЕУ за што сакам да се заблагодарам. Исто така до Нова година и овој пат ќе биде ставен во функција.

Значи до Нова година ќе имаме експресен пат Прилеп-Градско и експресен пат Куманово-граница со Бугарија со што многу ќе ја забрза комуникацијата меѓу граѓаните.

Исто така го решаваме проблемот со вештачката брана Отиње, кое што треба да биде ново езеро над Штип, кое што ќе послужи и за наводнување и за туристичка атракција. Можете да замислите колку неодговорно се работело, не било превидено дека требало да има материјал во случајов глина која што треба да се постави на дното на езерото со цел водата да не понира и кога ќе се наполни езерото да постои како такво. Го решивме и овој проблем и очекувам до крај на 2026 да почне да се полни браната и 2027 да имаме полно езеро каде покрај за наводнување да биде и туристичка атракција на цела Источна Македонија.

Исто така правиме целосна рекнструкција на два гранични премини Деве Баир и Кафасан. Деве Баир работите ги започнуваме оваа сабота, а Ќафасан веќе се работи.

Не ги заборавивме и социјалните станови, веќе имаме постапка за доделување во Велес и Кочани, а се работи во Бутел и Дебар.

Обезбедивме 100 милиони денари во неколку општини каде што интервентно требаше да се помогне со водоводи и канализации и тоа за Охрид Радовиш и Битола.

Во моментов, најголем дел од проектите кои се однесуваат на 100-те милиони евра кои што треба да се доделат на општините се во надлежност на Министерството за транспорт и можам да ви кажам дека во завршна фаза е разгледувањето на 246 проекти кои се доствани до нас, а веќе следната година очекуваме да доделиме 250 милиони евра.

Да не ги заборавам и проектите кои се за асфалтирање на локални улици кои што одат преку кредит на Светска банка и секако мојот најдраг проект, а тоа е зголемувањето на фрекфрентноста на охридскиот и скопскиот аеродром, каде што во тек е повикот и очекувам во понеделник да имаме убава прес конференција на која што ќе објавам најмалку 10 нови дестинации, што ќе значи 200 илјади повеќе патници следната година отколку овааа. Би сакал да најавм и реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром.

Накратко ова се проектите кои ги работевме во овој период, листата е голема.

Се соочивме со бројни проблеми, поблеми кои што ги решаваме. Би сакал да посветам внимание и на железницата нешто што е иднината и на Македонија и на целиот регион и на Европа.

Состојбата која што ја наследивме во желзница беше катастрофална, немаше ни една локомотива која што можеше да вози по македонските пруги. На 24 јуни кога јас станав министер имаше нула локомотиви. Само тој ден 9 композиции лежеа на македонските пруги на потегот од Гевгелија кон Табановце, композиции кои тргнале од солунското или атинското пристаниште и требало да возат кон Централана Европа, што беше голем срам за Македонија.

Во моментов имаме 7 локомотиви кои се на располагање, се оспосбува и осмата и само да ви кажам една споредба. Ако во месец август поминале вкупно 61 товарен воз, само во послдната недела 70 возови поминале по македонските пруги. За една недела имаме повќе отколку цел август што мислам дека многу зборува за тоа како ги поправаме работите.

Планираме силни инвестициски циклуси следната година. Тука е проектот за градско воз кој што очекувам првата фаза да ја реализираме до октомври следата година. Тука е реконструкцијата на постојниот коридор 10, продолжуваме со изградба на Коридор 8. Очекувам првата деланица од Куманово до Бељаковце да биде пуштена за сообраќај до Нова година како би имало воз од Скопје до Бељаковце. Во однос на втората фаза имаме големи проблеми со изведувачот и морам да кажам дека не сум задоволен од неговата работа како што не сум задоволен  и од надзорот кој чудно е надзор на сите големи проекти во Македонија.

А во однос на третата делница, јавноста е веќе запозната со сите детали и морам да кажам дека конечно очекувам да се сретнеме со бугарската страна. Досега одбија три датуми понудени од Европската унија на кои што ќе поразговараме како да го изведеме проектот заеднички и да се поврземе, а не да не се поврземе.

Секако мојот приоритет е изградбата на брза пруга од Табановце до Гавгелија односно од Скопје до Солун. Веќе следната пролет очекувам да имаме добри вести и да започнеме со реализација на овој грандиозен проект за Македонија”- истакна Николоски.  

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски бил „изненаѓен и увреѓен“ од нездоволството на работодавачите

Следно

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop