Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

January 30, 2026
2 mins read

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел и заедно да ги разгледаат предлозите што ќе произлезат од тој состанок со цел да се понудат најдобрите решенија за транспортерите, кои се клучен двигател на македонската економија.

Николоски порачува дека е задоволен од тоа што ЕУ ја забрза постапката и го објави документот порано од планираното. Во вторник, како што вели, ќе се одржи состанок кој една година не беше закажуван, а првично бил договорен за 6 февруари, но вчера терминот бил поместен за во вторник.

– Се работи за документ од 19 страници, којшто целосно ги опфаќа новите правила на Шенген зоната и таму има еден клучен збор, баш во овој дел којшто го издвоив на мојата објава, каде што возачите на камиони односно транспортерите се прифаќаат како професионалци, со останатите категории коишто се наведени тука, како спортисти, уметнции итн, што е првпат ЕУ на тој начин да го реши проблемот. Во суштина тоа беше и еден од начините да се излезе од проблемот, затоа што транспортерите кога ги почнаа протестите бараа да се почне дијалог, се понудија три решенија и ова е едно од трите решенија – рече Николоски во гостување на ТВ Сител.

 

Цели градови во Македонија, како што кажа, живеат од транспортот – Гевгелија, Радовиш, Богданци како помало место, но и Кавадарци.

– Сакам да им честитам на сите оние храбри луѓе кои што излегоа на протестите овие денови, кои што покажаа дека проблемот е навистина сериозен. Да честитам на одлучноста, на храброста, јас ја имав честа и да ги посетам и да ги поддржам. Излегов заедно со нив, и мислам дека покажаа дека навистина е голем проблемот и дека мора сериозно да му се пристапи. Тоа што беа единствени и истрајни и што никој не успеа да ги скрши, даде резултат – посочи Николоски.

Тој истакна дека самиот дал целосна поддршка, но дадоа и премиерот и Владата, со цел решавање на проблемот.

Додаде дека процесот се води во целосна координација со превозниците.

– Денеска имав средба со претседателката и потпретседателката на најголемото здружение на превозници, на Макамтранс, се договоривме во вторник, по завршувањето на состанокот со Брисел, повторно да се сретнеме и заеднички да ги разгледаме предлозите кои што ќе дојдат од таму. Мојот одговор ќе го работам заедно со нив, односно во координација со нив. Сакам да понудам најдобри можни решенија кои што ќе одговараат на нашите транспортери. Мора да даваме целосна поддршка на овој сектор – истакна Николоски.

Рече дека не мора да има решение за проблемот на транспортерите до 10 април кога целосно стартува ЕЕС системот во ЕУ, бидејќи има простор и по април.

– Сметам дека до летото треба да го најдеме решението и затоа е оптимално што протестите на транспортерите почнаа токму сега. Со вчерашниот договор што се постигна со ЕУ оптимист сум дека брзо ќе биде најдено решение. Очекувам да има уште во вторник решение, но потребно е тоа подоцна да биде изгласано во земјите-членки и во Европската комисија за што треба одреден временски период. Токму целта на протестот на транспортерите беше да почне дијалог, а не веднаш да се најде решение за 7 дена, колку што беше предвидено да трае – рече Николоски.

Нагласи дека во официјален документ на ЕУ превозниците веќе се класифицирани како професионалци и сега, додаде, треба само да се види дали овие 90 дена во 180 ќе станат 120, дали ќе има посебни визи и работни дозовли. Кога се случи портестот на транспортерите, нагласи, сите сфатија зашто станува збор. Ова, додаде, не е политички, туку бирократски проблем. Не случајно отидов во Хрватска и разговаравме со грчкиот министер и со Бугарија. Постојано на средби го потенциравме овој проблем, а неколку пати беше и ставан на седница на Валада.

– Не знам што ќе се случуваше со транспортот и економијата ако не се средеше сега ова со транспортерите, бидејќи најмалку 9 ипол години од сега се потребни за да влеземе во Шенген зоната, доколку се исполнат предвидувањата дека до 2030 година ќе станеме членка на ЕУ – потенцира Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разбојници украле куфери со над 2 милиони евра- филмски грабеж во еден од најбезбедните градови во светот

Следно

Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

Latest from Blog

Емиратите го обвинуваат Иран за напад врз танкер во Ормутскиот теснец: Го нападнаа со дронови

Поморската логистичка единица на АДНОК објави дека танкерот Барака бил празен кога бил нападнат од два беспилотни летала и дека немало извештаи за повредени. „ОАЕ дополнително ја нагласи потребата Иран да ги

Ново соопштение од Општина Прилеп: Важни информации за граѓаните

Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени

Божиновска: Енергетското партнерство со САД преминува во фаза на реални проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на
Go toTop