Николоски: Државата покажува капацитет за големи инфраструктурни зафати

April 23, 2026
1 min read

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека државата покажува капацитет за успешно водење и реализација на големи инфраструктурни проекти, посочувајќи дека за разлика од претходно заборавени проекти, сега се бележи интензивна динамика на терен.

Тој ова го истакна на работен состанок посветен на инфраструктурните проекти, организиран во соработка со Делегацијата на Европската Унија, на кој учествуваа и претставници од меѓународни финансиски институции, како и раководствата на железничките претпријатија и ЈП за државни патишта.

Николоски нагласи дека само во Коридорот 8 се инвестираат околу 5 милијарди евра во патна и железничка инфраструктура, при што дел од проектите веќе се реализираат, а други се во фаза на подготовка или тендерска постапка.

 

„Проектите се реализираат со добра динамика, а најавуваме и нови инвестиции и целосна доизградба и модернизација на коридорот“, рече тој.

Тој посочи дека веќе се реализирани и пуштени во употреба неколку делници, меѓу кои обиколницата кај Крива Паланка и експресниот пат Страцин – Крива Паланка, а се работи и на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Охрид – Кичево.

Во делот на железничката инфраструктура, Николоски најави дека наскоро ќе биде распишан тендер за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до заедничкиот тунел, при што очекува активностите да започнат во текот на летото.

Тој додаде дека се планира и реконструкција на железничката линија од Скопје преку Јегуновце, Тетово и Гостивар до Кичево, како и дека е потребен регионален пристап за целосна реализација на Коридорот 8.

„Не е доволно само ние да инвестираме, потребна е посветеност и од соседите за целосно завршување на железничките проекти“, истакна Николоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска на Економскиот форум во Делфи: Јасна стратегија за сигурна енергетска иднина

Следно

Битола домаќин на подготовките на кугларската репрезентација за СП во Австрија

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски,

Божиновска: Нема да дозволиме јавниот интерес и животната средина да бидат ставени во втор план

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беа презентирани резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со која се потврдува дека предложените законски решенија

Тоневски: Инвестираме во подобри услови за учениците и спортот во Пробиштип

Општина Пробиштип ќе реализира значајна инвестиција во СОУ „Наум Наумовски-Борче“, со која ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, како и спортската инфраструктура во училиштето. Како што информира градоначалникот на

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Цврсто стоиме покрај вас во светата војна против Украина

Вчера, Ким испрати одговор на честитката од Путин по повод 78-годишнината од основањето на Северна Кореја. Притоа, тој ја истакна цврстата решеност на Пјонгјанг да развива сеопфатна соработка со Русија, заснована на
Go toTop