Николоски: До средина на јули ќе ги имаме понудите за новите еко-автобуси

June 22, 2025
1 min read

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, денеска соопшти дека веќе е распишан јавниот повик за набавка на 120 електрични еколошки автобуси, со рок за доставување на понудите од 30 дена, односно до средината на јули.

– Се надевам дека ќе има голема конкуренција и дека ќе се јават повеќе компании, со што ќе добиеме најдобри автобуси по најдобра цена, изјави Николоски, на настанот за пуштање во употреба на реконструираниот пат Понов мост – Богданци, каде присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Според Николоски, новите автобуси ќе бидат опремени со станици за полнење, планирани во сооднос од најмалку една станица на два автобуси, што ќе обезбеди ефикасен и одржлив систем.

– Очекуваме 80 автобуси да бидат наменети за градскиот превоз во Скопје, додека останатите 40 ќе бидат распределени на општини што вршат јавен превоз, додаде министерот.

Целта, како што посочи, е подобрување на јавниот транспорт, но и значително намалување на загадувањето.

– Со оваа набавка не само што ќе овозможиме побрзо и поефикасно движење на граѓаните во нивните општини, туку и ќе дадеме сериозен придонес за заштита на животната средина, бидејќи се работи за целосно електрични автобуси, рече Николоски.

Проектот се реализира во рамки на заложбите на Владата за зелена транзиција и модерен јавен превоз, со фокус на урбани и еколошки решенија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарските европарламентарци лансираа нова веб страница за документирање на системски прекршувања против Бугарите во Македонија

Следно

Иранскиот министер Арагчи: САД „ги преминаа сите црвени линии“ со нападот врз нуклеарните постројки

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop