Николоски: 6 нови авиолинии- Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

October 25, 2024
1 min read

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Летовите кои ќе се воведат од наредната година се кон Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул.

Четири од овие дестинации се на „Виз Ер“, една на „Флај Дубаи“ и една на „Туркиш Ерлајнс“.

Ресорниот министер соопшти дека се спрема и втор повик каде што се надева дека некаде во декември ќе може да презентира нови дестинации.

-Ова е прекрасна вест за македонските граѓани со кои им се овозможуваат поврзување со овие дестинации но исто така ќе донесе многу туристи за Македонија. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинации затоа што има интерес. За нови дестинации така кон крајот на декември ќе можам да презентирам нови дестинации. Во моментов состојбата е дека во летниот период на летање од скопскиот аеродром оперираат 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. Со овие 4 плус од скопскиот и плус 2 од охридскиот ќе се зголеми бројот на летови и бројот на туристи и ќе се постигне целта во 2025 година да имаме плус 200 илјади патници, подвлекува Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

М-НАВ доби нов Управен одбор

Следно

Трамп води пред Харис во последната анкета за претседателските избори, економијата главна загриженост на гласачите

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop