Никола Ѓурѓај: Мајчиниот јазик е основа на националниот и културен идентитет

September 26, 2025
1 min read

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет.

Важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, со иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Советот на Европа, со 800 милиони Европејци претставени од 47 земји, ги повикува сите Европејци да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од училиште.

Јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа, се наведува во честитката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фарке: Доста правите суперѕвезди од помошни тренери

Следно

Дигиталната дрога, поопасна од хероинот, го уништува светот

Latest from Blog

Алкалоид со најсилен раст, а Комерцијална банка со убедливо најголем промет – МБИ10 +0,19%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Проданоски: Ифтарска средба за граѓаните на Прилеп

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед. Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната

Трамп: Не ни треба помош од никого!

„Соединетите Американски Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ во НАТО дека не сакаат да се вклучат во нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот
Go toTop