Ни Грилиш не им помогна: Лидс со гол од пенал славеше против Евертон!

August 18, 2025
1 min read
ФОТО: Leeds United/FB

Одличен Лидс на свој терен вечерва против Евертон и победа од 1:0. Големи три бода на стартот во новата сезона за повратникот во Премиер лигата.

Одлучувачкиот момент се случи во 84.минута кога гостинскиот играч Тарковски играше со рака во својот казнет простор, тоа за судијата Крис Каванах беше пенал, а и ВАР ја потврди одлуката, додека сигурен пеналџија беше Нмеча кој само што влезе во игра пест минути порано.

Инаку да кажеме дека судијата Каванах вечерва ја делеше правдата на „Еланд Роуд“ а веќе во четврток ќе биде на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје и ќе го суди првиот дуел од двомечот во плеј – офот во Лигата на Европа меѓу Шкендија и Лудогорец.

За Евертон своето официјално деби го имаше Џек Грилиш кој влезе во игра во 71.минута, но и тој не им помогна на “карамелите“ да дојдат барем до реми.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стаменкоска Трајкоска: Да создаваме генерации што ќе бидат образовани, здрави и мотивирани за успеси во животот

Следно

Србин е уапсен со 4,8 тони кокаин во голема акција на француската полиција

Latest from Blog

Шилегов со барање за преиспитување на обвиненијата за „Пулс“

Адвокатот Петре Шилегов денеска во судница побара од Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата, повикувајќи се на економичноста на постапката и на најновиот брифинг од

Две лица загинаа во напад на украински дрон во Белгородската област

Во напад на украински дрон врз приватна куќа во Стари Оскол во Белгородската област загинаа двајца цивили, изјави денеска гувернерот на таа област, Вјачеслав Гладков. – Избувна пожар, што доведе до делумно
Go toTop