НФФ ќе го одбележи Меѓународниот ден на руралните жени со трибина насловена „Родовата еднаквост на руралните жени – Подобрување на економскиот статус“

October 14, 2024
1 min read

Во насока на зголемување на видливоста и препознавањето на клучната улога на жените од руралните средини во земјоделството и руралниот развој, Националната федерација на фармери по 17 пат организира настан со кој го одбележува Меѓународниот ден на руралната жена – 15 октомври. Оваа година настанот ќе се одржи на 15 октомври во село Дихово, Битола, во чии рамки ќе се реализира трибина на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“ на која ќе се зборува за предизвиците и можностите за економското зајакнување на жените во руралните средини.

На настанот ќе бидат доделени и признанија за успешни рурални жени и невладини организации кои придонесуваат за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните области.

На настанот свое обраќање ќе имаат Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, Гордана Сиљановска – Давкова, претседателка на Република Северна Македонија, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола, Сашо Ангеловски, регионален директор за регион Европа во Шведската организација за развој We Effect и Карин Рау, Менаџер на проектот: Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II).

На панел дискусијата ќе говорат Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието на РСМ, Жаклина Пешевска, претседателка на Собраниска Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во Национална федерација на фармери, Фросина Ѓоргиевска, земјоделка и рурална жена од Преспа и Лилана Стоилковска, млада земјоделка и рурална жена од село Митрашинци, беровски регион, а воедно ќе биде презентиран и извештајот на Државниот завод за ревизија на РСМ „Родова еднаквост и зајакнување на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

Настанот, организиран од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect, има за цел да го обедини гласот на руралните жени и да ја подигне свеста за нивната клучна улога во локалните заедници и општеството. На настанот ќе учествуваат 200 учесници од различни институции, невладини и меѓународни организации, како и амбасади. Најмногубројни ќе бидат жените од руралните средини од Република Северна Македонија, на кои им изразуваме длабока почит и благодарност преку ова симболично одбележување.

Имено, Меѓународниот ден на руралните жени беше назначен во 1995 година од страна на граѓанските организации на четвртата светска конференција за жените во Пекинг и беше прогласен за официјален ден во 2007 година од страна на Генералното собрание на ОН.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

​Ѓорѓиевски: Во среда ќе се дознаат резултатите од евалуацијата на проектите!

Следно

Со Улрих Зајдл и со „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, „Киненова“ најави возбудлива програма

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop