Невреме во Франција: Во водени буици исчезнаа најмалку шест лица

March 10, 2024
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Најмалку 6 лица исчезнаа во водени буици и поплави во јужниот дел на Франција, а власта на оваа земја издаде „портокалов“ метео-аларм поради неповолните временски услови во 12 провинции, известува Анадолу.

Локалните власти на провинцијата Гар соопштија дека во водени буици исчезнале татко и две деца во обид да прејдат мост на надојдена река во местото Дион, а уште две жени исчезнале во буиците во подрачјето на Гударг. Во водена буица во Гањиер исчезна 62-годишен возач.

Надлежните служби се на терен и спроведуваат акции на претрага и спасување, како и акции за евакуација на загрозеното население на тој француски регион.

Паралелно со тоа, француската метеоролошка служба „Meteo France“ издаде „портокалово“ предупредување во 12 провинции.

Во соопштението за опасност од поплави се предупредуваат жителите на провинциите Јон, Приморска Шаранта, Жиронда, Лозер, Аверон, Ланд, Гар, Ардеш, Вливот на Рона и Вар, додека на можни бранови се предупредени жителите на крајбрежната провинција Атлантски Пиринеи. Жителите на Приморски Алпи се предупредени на опасност од лавина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Лос Анџелес 96. доделување на Оскарите

Следно

Американски воен брод со хуманитарна помош се упати кон Газа

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop