НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА: Русите го бараат суспендираниот Погба, платата која му ја нудат е вистински хит

March 11, 2024
1 min read

Францускиот фудбалер Пол Погба доби необична понуда од Русија.

Славниот Французин неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот бидејќи бил позитивен на допинг тест.

Погба беше позитивен на синтетички тестостерон во август минатата година, а Антидопинг агенцијата го прифати барањето на обвинителот да го суспендира на четири години.

Суспендираниот фудбалер сега доби понуда од Русија да игра во нивната Медиа лига.

Станува збор за проект кој е создаден во 2022 година, а тимовите се состојат од различни познати личности, вклучувајќи актери, спортисти, пејачи и други.

Погба доби повик од тимот на Брок Бојс. Наводно, преку менаџерот му понудиле скромна плата од само 1.500 долари месечно.

„Можеби изгледа како шега, но ние му се јавивме, тој учтиво ја одби понудата. Тој е во очајна и тешка состојба, му треба малку време да прифати дека нема да игра фудбал толку долго. Нашата лига во моментов е најсериозната во која може да игра“, изјави директорот на рускиот клуб.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Залужни прогласен за неспособен за воена служба

Следно

Андријана Петрушовска со „Зајди зајди“ доминираше во „Ѕвездите на Гранд“: Изведба за ежење и восхит – „Ти си наша гордост“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони

Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема

Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема. Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија
Go toTop