Неуспесите уште еднаш ја водат Урсула нагоре

July 6, 2023
1 min read

Политичката кариера на претседателката на Европската комисија,  Урсула фон дер Лејен, е проткаена со неспособност и некомпетентност. Таа е сериозно непопуларна меѓу гласачите, има недоверба од колегите и редовно е заглавена во скандали. А сепак, продолжува да се искачува по скалилата на меѓународната политика.

Се чини дека фон дер Лејен може да очекува нова кариерна частенка. Според Телеграф, Џо Бајден ја бутка неа за следен генерален секретар на НАТО откако Столтенберг ќе замине во 2024 година.

„Ова треба да го вклучи алармот. Што и да мислиме за НАТО, тешко дека би можело да постои полош кандидат да ја води Алијансата од неа, особено во моментов, кога поради војната во Украина, НАТО се соочува со еден од најсериозните предизвици во своето 73-годишно постоење“, пишува Фрајзер Мајерс.

Таа им беше октроирана на граѓаните на Европа во 2019 година кога беше единствената неимпресивна кандидатка. Всушност, некои тврдат дека токму поради тоа била избрана.

„Кога лидерите на ЕУ избираа… тие намерно избегнуваа кандидати со поголемо искуство, харизма или итрина“, се вели во еден извештај на Блумберг. Европскиот совет очигледно сакаше лидер на Комисијата кој лесно може да го притисне.

Нејзината неспособност стана јасна кога се соочи со својот прв голем предизвик – пандемијата во 2020 и 2021 година. Додека се фалеше дека презема „лична одговорност“ за програмата за вакцинација, дистрибуцијата одеше неславно и побавно од други места во светот. Настрана сомнежите околу зделките со Фајзер (види овде, овде, овде, овде…)

Можеби ја квалификуваше нејзиното искуство во прашањата за одбраната бидејќи беше министер за тој ресор во владата на Ангела Меркел?

„Напротив, дури тоа беше нејзиниот најголем неуспех. За време на нејзиниот мандат германската армија и нејзината опрема беа сериозно деградирани. Војниците мораа да користат мобилни телефони за да комуницираат поради недостаток на опрема за шифрирање. Армиските пушки се покажаа неупотребливи на високи температури. И најнеславно од сè, војниците во еден момент беа принудени да изведуваат воени вежби со метли наместо со пиштоли“, потсетува Мајерс.

Како министер за одбрана, фон дер Лејен трошеше огромни суми пари на надворешни консултанти, беше обвинувана за непотизам при доделувањето договори, но, како и за вакцините, сите докази од нејзиниот мобилен телефон беа избришани пред сомнежите да бидат соодветно испитани.

Па сепак, ниеден од овие неуспеси и скандали не го попречи нејзиниот метеорски успех. Таа стана дел од недопирливата меѓународна аристократија.

„Тоа се случува кога јавноста ќе биде тргната од политиката, кога клучните теми се решаваат со договори под тезга. Завршувате со најлошите можни кандидати, во најлошо можно време. Завршувате со Урсула фон дер Лејен – политичарка која секој неуспех ја води уште погоре“, пишува Мајерс.

******************

Бонус од Зоран Милановиќ:

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОВИОТ ФИЛМ НА ЛУКА ГВАДАЊИНО ЌЕ ГО ОТВОРИ ЈУБИЛЕЈНОТО 80. ИЗДАНИЕ НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Следно

Столтенберг: Во Белорусија се преместени само мал број на војници на „Вагнер“

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop