Нетанјаху со критики до Путин за антиизраелскиот став на Русија за војната во Газа

December 10, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изрази критики поради рускиот став против Израел во однос на војната во Газа за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Анадолу.

Во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху се наведува дека израелскиот премиер изразил незадоволство од антиизраелските ставови искажани од руските претставници во Обединетите нации и на други форуми.

Тој, исто така, остро ја критикувал „опасната“ соработка меѓу Русија и Иран, се додава во соопштението.

„Израел ќе ги искористи сите средства, дипломатски и воени, за да ги ослободи сите наши заложници“, нагласил Нетанјаху за време на телефонскиот разговор.

Израелскиот премиер, исто така, ја повикал Москва да изврши притисок врз Меѓународниот комитет на Црвениот крст „во врска со посетите и испораката на лекови за нашите заложници“.

Русија, една од петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), беше една од 13-те земји кои во петокот гласаа за резолуцијата со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа за хуманитарни цели. На резолуцијата ставија вето Соединетите Американски Држави (САД).

Израел ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа на 1 декември, по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со Хамас. Најмалку 17.700 Палестинци загинаа, а над 48.780 лица се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври, по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци на Израел, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200, додека најмалку 138 заложници сè уште држи Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска: 425 загинати и 1.593 повредени војници во судирите во Газа

Следно

МВР: Кривична пријава за шест лица осомничени за лихварство

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop