Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува против лидерите на Хамас каде и да се

November 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на разузнавачката агенција Мосад да ги пронајде лидерите на Хамас каде и да се, јавува Анадолу.

Одговарајќи на прашањето дали највисоките лидери на Хамас, вклучувајќи ги Исмаил Ханије и Калед Машал, ќе можат да ја контролираат Газа по војната, Нетанјаху вчера на прес-конференцијата во Тел Авив изјави дека ѝ наложил на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се.

На прашањето дали претстојната хуманитарна пауза ќе вклучи израелска воена акција против Хамас во странство, Нетанјаху рече дека „нема такви обврски“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на прес-конференција ги упати истите закани кон лидерите на Хамас, велејќи дека „сите лидери на Хамас се живи мртовци“.

„Борбата е низ светот“, рече Галант, укажувајќи на тоа дека разузнавачките агенции ќе работат против лидерите на Хамас низ светот.

Хамас сѐ уште не се огласи во врска со изјавите на израелските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сѐ уште е активен пожарот во тетовско Фалиште

Следно

Во село Фалише се уште активен пожарот

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop