Нетанјаху порача дека Хусите „скапо ќе платат“ поради ракетниот напад врз Израел

September 15, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес вети дека јеменските Хуси „скапо ќе платат“ по ракетниот напад во кој беа повредени девет лица во Тел Авив, јавува Анадолу.

„Утринава Хусите лансираа ракета земја-земја од Јемен на наша територија. Тие досега требаше да знаат дека секој обид да ни се наштети скапо ќе се плати“, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на Владата, соопшти неговиот Кабинет.

„Оние на кои им е потребно потсетување во врска со ова прашање се поканети да го посетат пристаништето Ал Худајда“, додаде тој, мислејќи на западниот јеменски град што израелските воени авиони го бомбардираа во јули, откако во напад на Хусите со дрон загина еден Израелец во Тел Авив.

Ракетата на Хусите падна на отворен простор во близина на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив утрово и покрај обидите на Израел за нејзино пресретнување.

Според израелската војска и локалните медиуми, девет Израелци биле повредени додека брзале кон засолништата, а пожари избувнале во шумските подрачја поради паѓање на остатоци од ракетата. За време на инцидентот, пожар избувнал и во голема фабрика за цемент.

Јеменските бунтовниците Хуси ги напаѓаат бродовите што се во израелска сопственост, кои се означени, управувани или пловат кон израелските пристаништа во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и дронови во знак на солидарност со Газа, која е под разорен израелски напад од 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва ќе биде во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово-Лопате

Следно

Голема трагедија: Загина Лука Салвадори

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop