Нетанјаху назначи пензиониран командант на морнарицата за нов директор на Шин Бет

March 31, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го именуваше Ели Шарвит, пензиониран командант на израелската морнарица, за нов директор на службата за внатрешна безбедност (Шин Бет), по разрешувањето на Ронен Бар, јавува Анадолу.

Во соопштението на кабинетот на Нетанјаху се вели дека одлуката за назначување на Шарвит е донесена по „спроведување на детални интервјуа со седум кандидати“.

Ова се случи и покрај привремената забрана на израелскиот Врховен суд за замрзнување на разрешувањето на Бар до 8 април. Сепак, судот му дозволи на Нетанјаху да ги интервјуира кандидатите што ќе го заменат.

Кабинетот на премиерот соопшти дека Шарвит служел 36 години во израелската морнарица, од кои пет години како нејзин командант, за време на кои „спровел сложени операции против Хамас, Хезболах и Иран“, но не даде повеќе детали.

На 21 март, владата на Нетанјаху одлучи да го прекине мандатот на Бар на 10 април, освен ако порано не биде назначен постојан негов наследник.

Нетанјаху ги бранеше своите чекори за разрешување на Бар, тврдејќи дека одлуката е во рамките на владините овластувања и не треба да биде предмет на судски надзор.

Тој ја наведе како причина „недовербата“ во Бар, поради неуспехот за справување со нападот на 7 октомври 2023 година. Ова е прв случај израелска влада да отпушти шеф на Шин Бет.

Самиот Бар навести политички мотиви, укажувајќи дека Нетанјаху барал „лична лојалност кон него“ што одбил да ја даде. Во меѓувреме, масовни протести ги зафатија израелските градови во последните денови, осудувајќи го обидот за отпуштање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пензионерите од утре ќе добиваат повисоки пензии за 2.500 денари

Следно

Франческо Бањаја победник на американското ГП во Остин

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop