Нетанјаху ја одложи евакуацијата на 150 болни и ранети деца од Газа во ОАЕ

July 29, 2024
1 min read

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одложи евакуацијата на 150 болни и ранети палестински деца од Појасот Газа на лекување во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објавија израелските медиуми, пренесува Анадолу.

„Група болни деца од Газа требаше да тргне од ОАЕ преку Израел во понеделник, но по инцидентот на Мајдал Шамс, премиерот Нетанјаху нареди да се одложи нивното заминување“, соопшти израелската радиодифузна управа.

Се наведува дека Нетанјаху одлучил да го одложи заминувањето на децата преку израелската воздухопловна база Рамон.

Во саботата беше извршен ракетен напад на фудбалско игралиште во градот Мајдал Шамс во окупираната Голанска Висорамнина, при што загинаа 12 лица, меѓу кои и деца.

Израел го обвинува Хезболах за нападот, но либанската група негираше вмешаност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Србија, извоз на стоки во Киргистан, но дали останува таму?

Следно

Турско МНР: „Крајот на геноцидниот Нетанјаху ќе биде како оној на Хитлер“

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop