Нетанјаху го одложи патувањето во Вашингтон за утре

July 21, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес соопшти дека тој ќе отпатува за Вашингтон утре наутро наместо претходно планираното заминување за вечерва, пренесува Анадолу.

Нетанјаху се очекува да оствари средба со американскиот претседател Џо Бајден во вторник попладне и да се обрати во Конгресот во среда во рамките на неговата посета на Вашингтон, која ќе биде прва посета на премиерот по формирањето на неговата сегашна влада во декември 2022 година, објави израелскиот весник Хаарец.

Во соопштението не се објаснети причините за одложувањето, кое уследи по смртоносните воздушни напади на Израел врз пристанишниот град Ал Худејда во западен Јемен.

Израелската војска ја презеде одговорноста за нападите, кои Нетанјаху ги нарече „директен одговор“ на нападот со дронови на Хусите врз Тел Авив во петокот, во кој загина еден Израелец, а десет беа повредени.

Претходно во неделата, Израелската јавна радиодифузна корпорација објави дека Нетанјаху планира да се сретне со израелскиот преговарачки тим пред неговото заминување во Вашингтон за да разговара за ставот на Тел Авив во преговорите за размена на заложници со палестинската група Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почеток на производството на првиот електричен автомобил во Крагуевац

Следно

Ердоган: Израел мора да се соочи со строга казна за да се одвратат другите од таква суровост

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop