Нетанјаху го одби повикот на Макрон за прекин на бомбардирањето на Појасот Газа

November 11, 2023
1 min read

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот бидејќи, како што кажа, Хамас ја започна војната убивајќи невини луѓе пред еден месец, дополнувајќи дека „терористичката организација“ користи цивили како „човечки штит“

Откако синоќа францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Би-би-си рече дека не се согласува оти најдобриот начин за Израел да се заштити себеси е да врши големи бомбардирања врз Газа, велејќи дека тоа создава огорченост во регионот што само ќе го продолжи конфликтот, денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот на Макрон за прекин на огнот во Појасот Газа.

За разлика од францускиот претседател, Нетанјаху рече дека Хамас сноси „одговорност за каква било штета нанесена врз цивилите бидејќи тие биле првите кои ја започнаа оваа војна.

„Палестинското исламистичко движење ја започна војната, убивајќи луѓе во Израел на 7 октомври и го обвини дека користи цивили како „човечки штит“,

изјави Нетанјаху.

Вчера, Макрон беше прашан дали очекува другите лидери, вклучително на САД и на Велика Британија, да се приклучат кон неговите повици за прекин на огнот, тој рече дека се надева оти ќе се придружат.

Тој рече дека јасен заклучок на сите влади и агенции кои присуствуваа на самитот за Газа е дека нема друго решение освен хуманитарна пауза и прекин на огнот што ќе овозможи „заштита на сите цивили кои немаат никаква врска со терористите“.

„Денес, де факто цивилите се бомбардирани. Овие бебиња, овие жени, овие стари луѓе се бомбардирани и убиени. За тоа нема легитимитет. Затоа, ние го повикуваме Израел да престане“.

додаде францускиот претседател.

Во интервјуто за Би-би-си, претседателот на Франција рече дека не се согласува оти најдобриот начин за Израел да се заштити себеси е да врши големи бомбардирања врз Газа, велејќи дека тоа создава огорченост и лоши чувства во регионот што само ќе го продолжи конфликтот.

На прашањето дали Израел го прекршил меѓународното право со нападите во Газа, Макрон одби да одговори, велејќи дека не е судија и дека не е негова улога да суди за евентуалното прекршување.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведен дилер

Следно

Трајко Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ

Latest from Blog

Шкорпијата да направи нешто романтично за саканата личност, а Вагата да одмара навечер

ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ – наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ, испрала 2 милиони евра, пари на граѓаните. Во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе
Go toTop