Нема веќе трошење на државни пари во С.Арабија: Продаден Ал Хилал!

April 17, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/AlhilalFC/

Се чини дека некои работи почнаа да се менуваат во фубалот во С. Арабија. Саудискиот инвестициски фонд познат како ПИФ, го продаде мнозинскиот дел во фудбалскиот клуб Ал Хилал на „Кингдом Холдинг“.
Еден од четирите саудиски клубови во сопственост на државата преминува во приватни раце. Во иднина, Ал Хилал ќе биде контролиран од компанија управувана од принцот Алвалид Бин Талал.
Зборуваме за милијардер и роднина член на кралското семејство кој издвоил 373.000.000 долари за 70 проценти од сопственоста на клубот. Засега нема индикации дека ПИФ би можел да се откаже од својот мнозински удел во Ал Наср, Ал Ахли и Ал Итихад. Покрај саудиските тимови, ПИФ го има и Њукасл во свои раце.
Па така, значаен дел од државните пари повеќе нема да се инвестираат во Ал Хилал, кој има ѕвезди како Карим Бензема, Дарвин Нуњез, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, Рубен Невес и Симоне Инзаги кој ги предводи од клупата.
Саудискиот инвестициски фонд е мнозински сопственик на Ал Хилал од 2023 година.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европските купувачи преговараат за набавка на канадски течен гас преку Панамскиот канал

Следно

Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Latest from Blog

Бруно реши да остане на „Олд Трафорд“, ќе стане најплатен фудбалер во Јунајтед

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш одлучи да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и дефинитивно отфрлајќи ја можноста за заминување од „Олд Трафорд“. Иако продолжувањето на договорот сè уште не е официјално,

Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за

Барселона ќе мора да ја почне сезоната без Френки Де Јонг

Барселона денес ја потврди сериозноста на повредата на холандскиот интернационалец, Френки де Јонг. Клубот објави дека холандскиот играч за врска претрпел кинење на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и, иако клубот

Припадник на ќелија „спијачи“ на Хамас работел во луксузен хотел на Крит- подготвувал напад на крузер

37-годишниот Египќанец од палестинско потекло, идентификуван од медиумите како Мотасема, бил уапсен на почетокот на јуни во туристичкото одморалиште Агиос Николаос во операција на грчките специјални сили, откако неодамна се вработил како
Go toTop