НЕМА ВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ФРОНТ Мендух Тачи официјално раскрстил со Али Ахмети

October 3, 2024
1 min read

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска и официјално го напушти Европскиот фронт, дознава порталот Тетова сот.

За порталот тоа го потврдиле и од партијата на Тачи, ДПА, нагласувајќи дека ќе останат во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Да, нашиот лидер го напушти Европскиот фронт и веќе нема фронт, претседателот ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, истакнале од ДПА, нагласувајќи дека нивниот лидер наскоро во јавноста ќе ги објасни причините за напуштањето на Европскиот фронт.

Денеска, пак, Ахмети уверуваше дека Мендух Тачи е усогласен со Европскиот фронт.

– Господинот Тачи е на линија со Европскиот фронт, нема дилема, но сега за да се надополнат загубите, неуспесите, владиниот дел се држи за терциерни работи – истакна Ахмети.

Тачи беше кандидат за пратеник на изборната листа број 6 каде што победи како пратеник. По неговото заминување, Европскиот фронт останува со 17 пратеници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Дојдоа на власт со ветување дека нашата позиција кон ЕУ ќе ја подобрат и поради тоа добија голем број на гласови, а Мицкоски еднострано ги прекина преговорите

Следно

Осомничениот за нападот врз „Шарли Ебдо“ осуден на доживотен затвор

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се
Go toTop