Нема простор за паника во Македонија: ХМПВ не е нов вирус, доктор Мехмедовиќ со детално објаснување

January 8, 2025
1 min read

По информациите дека во соседна Грција се потврдени случаи со хуманметапневмовирус од кој се регистрирани зголемен број на заболени во Кина и многу хоспитализирани, од Комисијата за заразни болести велат дека нема простор за паника и вознемиреност.

Вирусот не е нов, туку прв пат бил откриен во 2001 година во Холандија случајно кај 28 деца и се работи за респираторна инфекција слична како и респираторниот синцицијален вирус. Мехмедовиќ е категоричен дека метапневмо не треба да се споредува со корона вирусот.

-Не се работи за нов вирус, како што беше САРС Ков2 кој предизвикува Ковид 19 и потенцијалот на овој вирус да направи штета и паника е исклучително ниска и не се очекува да се повтори истото сценарио кое го гледавме пред 5 години со преполни болници. Она што се случува периодов во Кина се голжи на РСИ и останатите вируси кои циркулираат оваа сезона, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

Од ИЈЗ велат дека од 2014 –та година во нивната лабораторија може да се детектира хуманметапневмовирус, а минатата сезона заклучно до мај случајно е откриен кај 9 пациенти при испитување на земени примероци за евентуално присуство на други вируси.

Ниту Европската унија не се подготвува за нова пандемија, но Европскиот центар за превенција и контрола на болести внимателно ја следи ситуацијата со овој вирус.

-Свесни сме за извештаите во медиумите и за ситуацијата во Кина. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) е многу внимателен во следењето на ситуацијата и за тоа ќе дискутира и Комитетот за здравство и состојбата ќе се следи и во наредните недели, изјави Ева Хрнчирова, портпаролката на ЕК за социјални права и вештини, подготвеност, еднаквост, култура и здравство.

Според доктор Мехмедовиќ, ХМПВ најчесто ги зафаќа децата до 5 години и постарите лица поради ослабнатиот имунитет предизвикувајќи горнореспираторни симптоми слични на настинка и грип.

-Доминантно се горнореспираторни симптоми, болки во грлото, затнат нос и течење на носот, црвенило на лицето, покачена температура. Поретки се компликациите како бронхит и пневмонија, а многу ретко се случува смрт, вели д-р Мехмедовиќ од КЗБ.

Инаку поради сезоната на вируси и настинки за време на продолжениот празничен викенд на Клиниката за детски болести бележат зголемен број на пациенти со респираторни, а дел и со гастроентеститални симптоми. Само на едно дежурство имале и по 200 прегледи на болни деца, повеќето биле биле третирани амбулантски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Две тела пронајдени во делот за тркала на патнички авион што слетал во Флорида

Следно

Возете внимателно: Сообраќајот се одвива во зимски услови, а еве каде има намалена видливост

Latest from Blog

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop