Нема повеќе туристички во Русија?

September 25, 2025
1 min read

Руските туристи би можеле да продолжат да патуваат во Европската Унија и покрај планираните санкции против туристичкиот сектор во земјата, објави денес порталот „Еуобсервер“, повикувајќи се на анонимни дипломатски извори.

Според порталот, Европската комисија планира да објави нова стратегија во врска со руските туристи што доаѓаат во Европската Унија до крајот на годината.

Според еден од дипломатите, тоа веројатно ќе биде „помек, необврзувачки документ“ во споредба со пакетите санкции на Европската Унија против Русија, пренесува ТАСС.

Постои можност Европската Унија, како дел од 19-тиот пакет санкции, да им забрани на европските туристички компании да организираат патувања во Русија, додава „Еуобсервер“.

Не е сигурно дека оваа забрана ќе биде усвоена, бидејќи во рамките на Европската Унија постојат спротивставени мислења. Некои се противат на какви било „културни забрани“, додека други сметаат дека овие мерки се премногу слаби, забележа неименуваниот европски дипломат.

Порталот „Еуобсервер“ претходно објави дека Европската Унија сака да забрани „обезбедување услуги директно поврзани со туризмот во Русија“.

Конкретните услуги за кои станува збор не беа прецизирани.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сеќавање на пристигнувањето и приемот на Србите на Крф: 109 ГОДИНИ ОД ХЕРОЈСКИОТ ПОДВИГ

Следно

Џими Кимел ги собори рекордите по враќањето на ТВ- гледаноста милионска, заработувачката неверојатна

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop