Нема оправдување за напад на болница полна со цивили, осуда на Фон дер Лајен за злосторството во Газа

October 18, 2023
2 mins read

Претседателката на ЕК порача дека сите факти за нападот мора да бидат утврдени и оние што се виновни да понесат одговорност. Таа додаде дека ЕУ мора да ги удвои своите напори за да ги заштити цивилите од ужасот на војната меѓу Израел и Хамас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен силно го осуди синоќешниот напад на болницата „Ал-Ахли Араб“ во Газа, во кој загинаа стотици луѓе, нагласувајќи дека нема оправдување за напад на болница полна со цивили.

Фон дер Лајен во нејзиното обраќање пред Европскиот парламент / Фото: Принтскрин

„Минатата ноќ трагедија не шокираше сите. Болница во Газа која згрижува стотици ранети луѓе беше претворена во пекол. Сцените од болницата ’Ал-Ахли’ се ужасни и вознемирувачки. Нема оправдување за напад на болница полна со цивили“,

рече Фон дер Лајен на почетокот на нејзиното обраќање пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

Таа порача дека сите факти за нападот мора да бидат утврдени и тие што се виновни мора да одговараат.

„Во овој трагичен час мора да ги удвоиме нашите напори да ги заштитиме цивилите од ужасот на оваа војна“,

додаде претседателката на ЕК.

Осврнувајќи се на нападот во Брисел во кој беа убиени двајца шведски државјани и на кибуцот Кфар-Аза во Израел, Фон дер Лајен посочи дека тероризмот повторно зема замав.

„Дозволете ми да го изразам моето сочувство до семејствата на жртвите во терористичките напади во Брисел и Ара. Трагично, сведоци сме дека теророт повторно излегува на површина. Теророт е исто така она што не собра на оваа дебата, монструозните терористички напади на Хамас на Израел. Она што го видовме во кибуцот Ква-Азар е чисто зло“,

рече претседателката на ЕК.

Таа ги повтори заклучоците од вчерашниот вонреден Самит на ЕУ, што се одржа преку видео-конференциска врска, на кој беа реафирмирана солидарноста на Унијата со Израел и нејзиното право да се брани, како и потребата од зголемување на хуманитарната помош за палестинскиот народ во Газа.

Теророт на Хамас му носи огромно страдање на палестинскиот народ и нема противречност во солидарноста на Европската Унија со Израел и нашето дејствување за хуманитарните потреби на Палестинците, порача Фон дер Лајен.

Таа потсети на одлуката на Европската комисија тројно да ја зголеми хуманитарната помош за Палестинците и на напорите за воспоставување на „воздушен мост“ меѓу Египет и Газа за брзо испорачување на помошта.  

„Во контакт сме со египетските власти за да овозможиме нашата помош да влезе во Газа од Египет. И персонал на Комисијата е во Египет за да се подготви за испорака на хуманитарна помош во Газа. Исто така, им објаснуваме на израелските власти дека е неопходно да се обезбеди вода за Газа. Тоа е основно човеково право“,

рече претседателката на ЕК.

Инаку, за нападот на болницата во Газа Хамас го обвини Израел.

Од друга страна израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека по проверката на системите за надзор, утврдиле дека не станува збор за напад од Израел, туку за ракети истрелани од Исламски џихад кои ја погодиле болницата во Газа.

Портпаролот на „Исламски џихад“, Дауд Шехаб, наводите на ИДФ ги отфрли како целосна лага и измислица.

„Ова е лага и измислица, тоа е целосно лажно. Тие се обидуваат да го прикријат страшното злосторство и масакр што го извршија врз цивилите“,

изјави Шехаб, пренесува Ројтерс.

Нападот на болницата во која многу жители на Газа се засолниле бегајќи од израелското бомбардирање, предизвика бурни реакции ширум светот, особено во арапскиот свет, а протести се организираа и пред израелските амбасади во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили употребија солзавец кон демонстрантите.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој управува со палестинската територија на Западниот Брег, ја нарече експлозијата во болницата „Ал Ахли“ ужасен воен масакр.

Експлозијата во болницата е најкрвавиот поединечен инцидент во Газа откако Израел започна серија бомбардирања како одмазда за нападот на Хамас врз јужните израелски заедници на 7 октомври, во кој загинаа 1 300 луѓе.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што е што и кој е каде?

Следно

Грција запрепастена од болната загуба на човечки животи во болницата во Газа

Latest from Blog

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од
Go toTop