Нема опасност за компромитација на истрагата за убиствата на Вања и Панче со објава на видеоснимки – велат од Обвинителството

January 4, 2024
2 mins read

Ова за „360 степени“ го одговорија од Основното јавно обвинителство Скопје откако попладнево контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на социјалните мрежи најави дека утре ќе објави снимки од грабнувањата на Вања и на Панче, како и други снимки од грабнувачите кои биле забележани од камери за видеонадзор

Сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените се обезбедени и оттука не постои никаква опасност за компромитација на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски со објава на снимки од видеонадзор на објекти.

Извор: Објава на Срѓан Ного на социјалната мрежа Икс

Ова за „360 степени“ го одговорија од Основното јавно обвинителство Скопје откако попладнево контроверзниот српски политичар Срѓан Ного на социјалните мрежи најави дека утре ќе објави снимки од грабнувањата на Вања и на Панче, како и други снимки од грабнувачите кои биле забележани од камери за видеонадзор.

„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видеоснимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“,

велат од Обвинителството.

Српскиот политичар Срѓан Ного, поранешен пратеник и член на десничарската и националистичка партија Двери во Србија, во две засебни објави на социјалните мрежи соопшти дека утре ќе објави ексклузивни видеоснимки од киднапирањата на Вања и нс Панче, за чие грабнување и убиство првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо.

Срѓан Ного, српски политичар, поранешен пратеник и член на партијата Двери

„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 7:29 како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од ‘киднапирањето’ на Панче Жежовски, фризерот од Велес. Ќе дознаете како течеше истрагата и кој всушност ги разреши двата случаи, со нив го поврза Љупчо Палевски – Палчо и обезбеди докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 5.1. во 16 часот“,

пишува Ного во објавата.

Тој објави и две принтскрин-фотографии од, најверојатно, видеоснимките за кои најави дека ќе ги објави утре, а на кои се гледа „ситроенот“ со велешки регистарски таблички во сопственост на велешанецот Панче, со кој, според досегашните сознанија на Обвинителството, е извршено грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Инаку, Срѓан Ного, како што пишува во биографијата објавена на неговата веб-страница, е еден од основачите и водачите, прво на движењето, а потоа и на партијата Двери во Србија. За пратеник во српскиот парламент е избран на изборите во 2016 година и таму останува до 2020 година. Во 2019 година бил исклучен од партијата, а до крајот на мандатот дејствувал како независен пратеник. Важи за промотор на теории на заговор и експонент на руските интереси во регионот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Беким Незири, поранешен министер од ДУИ упаднал во МНАВ и нападнал вработен

Следно

Незири бил во седиштето на ДУИ во Чаир, но полицијата не смеела да влезе таму

Latest from Blog

Тошковски: МВР поднело кривична пријава, обвинителството бара, а судот одредува притвор и носи пресуда

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиството во Велес изјави дека МВР поднело кривична пријава за лицето што ги уби Росица Коцева и нејзиниот татко по што се самоуби,

Мечка нападна маж во Грција- тој вреска, а пријателот го снима како паѓа во бездна (Вознемирувачко видео)

Христос Ставрианидис (61) ја снимил средбата со мечката во јуни оваа година додека шетал низ шумата со својот пријател Димитриос во Драма, Грција. Снимката од 49 секунди прикажува кафеава мечка како се

Силјановски: Македонскиот фолклор е отпор и идентитет

Спасен Силјановски, еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија, ја истакна значајноста на македонскиот фолклор и културното наследство во контекст на критиките дека нашите песни не се доволно вреднувани. „Некој рече дека

МОН системски го реши прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

Четири министри во Владата на СДСМ раководеа со Министерството за образование и наука во период од седум години и не успеаја да обезбедат учебници ниту за основците, ниту за средношколците. Сега кога
Go toTop