НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛАМ ОВА НИВО НА НЕКУЛТУРА НА ФИЛХАРМОНИЈА, ИМ ОДГОВОРИ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА НА МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЈА ОБВИНИЈА ЗА ХАОС СО ЏЕЗ ОРКЕСТАРОТ

April 12, 2023
2 mins read

Останувам на зборот дека Оркестарот за џез музика (ОЏМ) привремено ќе биде сместен во Филхармонијата, тоа и ќе го направиме, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани, реагира денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Филхармонијата на чело со директроката Тина Иванова денеска имаше прес-конференција на која рекоа дека остануваат на својот став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив и најавија јавни протести ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот Оркестар за џез музика  во зградата на Филхармонијата. Освен што 108 вработени, на чело со Иванова, на 31 март потпишаа петиција против оваа одлука, тие денеска ја обвинија министерката дека е е директно одговорна за настанатиот хаос и не го испочитувала ветувањето дека на првата следна владина седница ќе се поништи одлуката за привремено сместување на ОЏМ во нивниот дом. Место тоа, Владата вчера само ја потврди својата првична одлука.

„По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ Оркестар за џез музика во просториите на НУ Национална Филхармонија до конечното формирање на новата установа, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот по последната одлука на Владата. Јас денеска дојдов на најавениот состанок во Филхармонија, но како што ми беше пренесено, од Синдикатот немале желба да разговараат со мене. Вчерашната одлука на Владата нè обврзува, до официјалното и правно формирање на Оркестарот за џез, да изнајдеме трајно просторно решение за оваа нова музичка институција. Останувам на зборот дека тоа и ќе го направиме, но не на перфиден и на подмолен начин со полувистини и со закани. Како министерка за култура, но пред сè како човек, не можам да дозволам, а уште помалку да го разберам ова ниво на некултура особено не на дел од уметниците кои до пред некоја година беа добредојдени во неколку институции од културата додека да го добијат заслужениот дом“, објави министерката на фејсбук профилот.

Од Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) на 10 април рекоа дека погрешно е претставен целиот концепт за нивното евентуално работење во зградата на Филхармонија, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции. Истакнувајќи дека ја поздравуваат одлуката за формирање на Оркестар за џез музика, од Филхармонијата додаваат дека неговото сместување во иста зграда ќе се одрази на успешноста и на едните и на другите.

„Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со Биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа. За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани. Имено, во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаме до сознанија дека можеби целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции. Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни. Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 – 20 музичари. Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи. Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма“, стои меѓудругото во соопштението на ЗЏМ.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсовска на увид во реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“

Следно

Владата го класифицираше историскиот договор за автопатите со „Бехтел и Енка“, нема да и биде даден на јавноста

Latest from Blog

Заседава новиот Централен одбор на СДСМ

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ вечерва одржува прва седница на која се очекува да бидат избрани нови членови на Извршниот одбор, потпретседатели и секретари на партијата. Централениот одбор на СДСМ беше избран

Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник на САД за Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп размислува да го назначи пензионираниот генерал Кит Келог за специјален пратеник за војната во Украина, објавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори. Во моментов нема специјален пратеник

Сирија: Судири меѓу силите на Асадовиот режим и побунетата опозиција „Тахрир ал-Шам“

ИДЛИБ (АА) – Во Сирија избија судири меѓу силите на режимот на Башар ал Асад и антирежимската вооружена група „Тахрир ал-Шам“ во руралните подрачја на Алепо, јавува Анадолу. Во судирите, кои започнаа

Приватните превозници во Скопје се исклучија од сообраќај

Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје. Барањето било поднесено до претседателот на
Go toTop