Неколку илјади деца носејќи ја Божиќната ѕвезда ја формираа Бадниковата поворка во целата држава

January 6, 2026
2 mins read

Неколку илјади деца ја формираа денеска Бадниковата поворка низ повеќе градови во државата, носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја „Вечниот бог“. Оваа манифестација се одржува во повеќе од 80 градови и населени места низ државава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и САД.

Точно на пладне, во 12:00 часот, оформената бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, тргна од Музејот на Град Скопје и движејќи се по улица „Македонија“, пристигна на плоштадот „Македонија“, пред сцената поставена кај Божиќната пештера.

На сцената, како круна на целокупната манифестација, е изведена „Божиќна авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, во која учествуваа повеќе од 40 музичари, актери, пејачи и „Златно славејче“.

Една од организаторите на Бадниковите поворки Марија Саздева, истакна дека оваа музичко-сценска изведба е поинаква од другите и претставува кулминација на целата манифестација.

Мјузиклот е реализиран под уметничко раководство на Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска, и преку музика и сценска приказна ја пренесува пораката за Рождеството Христово.

-Целата таа еуфорија, светлина и збир на емоции во еден момент ќе застане на едно место и со 40 луѓе на сцената, актери, музичари, хорот „Златно славејче“ ќе направат сето тоа што сме го акумулирале низ сетилата да го интегрираме како трајно чувство што ќе остане до следната година, рече Саздева.

Таа посочи дека оваа Божиќна авантура е еден динамично-сценски перформанс наменет првично на децата да им се приближи божиќниот настан низ една фантазија. Вели дека на младите генерации мора автентично да им се доближи божиќниот настан, на начин на којшто ќе можат да го разберат и за да самите да стигнат до некои клучни пораки коишто и возрасните многупати ги забораваат.

Пораката од оваа манифестација, велат организаторите, е да останеме на страната на светлината.

-Тешко е да се остане на оваа страна во ова време на преплавеност од информации, од секакви традиции што ни се наметнуваат од странство, и нашата дијаспора многу свесно влегува во оваа приказна, дијаспората во неколку држави во САД, потоа во Франција, Австрија, Словенија, Италија, масовно се рганизирани со повеќе радови да се вклучат во бадниковите поворки . Тоа заедништво, таа припадност, да не заборавиме кои сме, и да го чуваме ова што ни е свето со дела, вели Саздева.

Централната Бадникова поворка во Скопје обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои заедно со општинските тимови во претпладневните часови ги пречекаа и даруваат коледарчињата во своите општини. Потоа, со организиран превоз, децата и нивните семејства се упатија кон централната манифестација.

Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнични посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, споделувајќи ја радосната вест за Христовото Рождество.

Во Соборниот храм децата ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање.

Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за верата, љубовта и духовната радост – вредности што Бадниковите поворки ги негуваат и пренесуваат веќе 16 години.

Веќе 16-та година по ред, Бадниковите поворки претставуваат симбол на светлина, заедништво и достоинствено празнување на Бадник во земјава и пошироко.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Бадник во Битола – празник на верата и љубовта

Следно

НЕ ГО ФРЛАЈТЕ: Еве што треба да направите со бадниковото гранче

Latest from Blog

Фабрегас: Јувентус е италијански Реал Мадрид, сакам Комо да игра во стилот на Венгер

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, изрази големо почитување кон Јувентус и неговиот соиграч Лучијано Спалети по клучната победа од 2-0 во Торино. Младиот стручњак, исто така, призна дека црпел инспирација од својот

Пезешкијан: Иран нема да попушти под притисокот за време на преговорите со САД

„Светските сили нè принудуваат да попуштиме… но ние нема да попуштиме, и покрај сите проблеми што ни ги создаваат“, рече Пезешкијан во говорот емитуван во живо на Иранската државна телевизија. Пезешкијан рече

Тројца од Прифатен центар за странци приведени за разбојништво

Инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода денеска поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти

Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата Трут соушл дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти, објави
Go toTop