Неизвесност пред утрешните избори во Турција – Ќе успее ли Ердоган да ја задржи претседателската фотелја?

May 13, 2023
1 min read

Турските граѓани утре ќе одлучуваат за иднината на Турција на избори кои многумина ги нарекоа „историска пресвртница“ во земјата. Во игра се двајца фаворити кои нудат сосема различни политики и насоки за иднината на земјата. Од една страна, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој е на власт во земјата над 20 години ветува силна, мултилатерална Турција и отворање на нови 6 милиони работни места, додека пак неговиот противник Кемал Киличдароглу кој е поддржан од широката опозиција вети насочување на земјата кон прозападна, демократска позиција

Во пресрет на утрешните избори кои ќе се оддржат во Турција, кандидатите ги правеа последните подготовки. За прв пат по неколку години, анкетите покажаа дека актуелниот претседател Ердоган не ужива огромна поддршка од избирачите како што беше случај во минатото. Анкетите му даваа предност на неговиот опонент Киличдароглу кој во својата кампања велеше дека ќе се залага за враќање на независните судови и слободниот печат во земјата.

Од 2017 година, Ердоган ја води Турција со огромни претседателски овластувања, од огромната палата во Анкара. Како извршен претседател тој може да прогласи вонредна состојба и може да избира или разрешува државни службеници. Неговите овластувања се веќе толку широки што нема да бара дополнително да ги прошири. Но, човекот што сака да го замени сака да го укине претседателскиот систем и да стане „непристрасен“ лидер, без конекции со политичка партија. Киличдароглу вели дека ќе ја врати Турција да има парламент и премиер на чело на земјата и кажа дека ќе им служи на сите 85 милиони граѓани на Турција.

Останатите пет партии во неговиот сојуз ќе имаат по еден потпретседател, како и неговите сопартијци кои се градоначалници на Анкара и Истанбул. Пред да го укинат моќното претседателство, можеби ќе треба да ги искористат неговите овластувања за да ги истуркаат реформите доколку немаат доволно контрола во парламентот.

Ердоган во кампањата побара поблиски врски со Кина и Русија, иако Турција е дел од западната одбранбена алијанса – НАТО, велејќи дека се залага за мултилатерална позиција на земјата – односно „остров на мирот и безбедноста“. Неговиот противник пак, сака да се вратат на процесот на пристапување во Европската унија, но истовремено одржувајќи ги позитивните односи со Русија. Овие избори се критичен момент и за турската економија, бидејќи инфлацијата е на рекордно високо ниво.

Право на глас на утрешните избори имаат околу 64 милиони регистрирани гласачи во Турција. Според анкетите во април, мнозинството млади луѓе го претпочитаат Киричдароглу, додека пак постарите, но и жените за свој фаворит го имаат актуелниот претседател Ердоган.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубен Невеш сѐ договори со Барселона

Следно

ПРЕМИЕРА НА „ЛЕПА АНГЕЛИНА“ НА ЉУПЧО ЃОРГИЕВСКИ ВО ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop