Негувателка во градинка осомничена за малтретирање тригодишно дете

February 9, 2024
1 min read

Триесет и двегодишна негувателка во детска градинка во скопско Радишани е осомничен дека психички и физички малтретирала тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопштија денеска оттаму, донело наредба за спроведување на истражна постапка против негувателката за која постојат сомневања дека сторила продолжено кривично дело запуштање и малтретирање на дете според член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во краткиот опис на делото за кое се сомничи негувателката се наведува дека таа во периодот од 2022 до 2023 година во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство кон детето, на кое му се обраќала со погрдни зборови и тегнела за коса.

Од насилството, како што информираат од Обвинителството, детето претрпело силен страв и стрес, кои довеле до губење на говорот и страв од одење од во градинка.

Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог на осомничената да ѝ бидат одредени повеќе мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надележен државен орган.

Обвинителството, исто така, бара од судот на осомничената да ѝ биде одземен пасошот и да ѝ се забрани да ја посетува градинката и сите објекти кои се дел од неа, односно да оди на работа, како и да се доближува и да одржува контакти со оштетеното дете, неговите родители и со сведоците.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Млада Месечина во Водолија: Како ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Следно

Интервјуто на Путин со Карлсон – критики за пропагандна платформа

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop