Не стивнуваат реакциите за Олимпијадата во Македонија – Ристовски: Министерството за спорт не беше организатор

August 3, 2025
1 min read

По бројните пропусти и лоша организација на младинската олимпијада што се одржа во земјава, министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за Радио Слободна Европа ги отфрли сите критики и обвинувања на негова сметка. Признава дека одредени спортски сали не биле климатизирани, а една од учесничките која била сместена во Студентскиот дом „Стив Наумов“ се пожали и дека и се урнал дел од таванот во бањата.

@anaestrellaa_ JAJAJAJA no tenemos ni más de 72h y ya se nos cae el techo #macedonia🇲🇰 #juegosolimpicosjiveniles #techo ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

Ристовски вели дека Министерството воопшто не било организатор на олимпијадата, за чија подготовка е потребно најмалку две до три години, поради што тој лично дури барал и да се одложи неговото одржување, но бил одбиен.

„Јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и Градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан. Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата за младинци што се одржува во Македонија, или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции“, рече Ристовски.

Од СДСМ бараат Ристовски веднаш да си поднесе неотповиклива оставка, поради, како што наведуваат не само скандалот со Младинската Олимпијада туку и поради системско уназадување на македонскиот спорт.

„Македонија беше понижена, посрамотена и претставена како земја од 19-от век пред очите на меѓународната спортска јавност и тој резил со Младинската олимпијада е најголемиот дебакл во поновата спортска историја на државата. И додека најгордата Влада немала пари за соодветно сместување, вода, превоз, храна, клима-уреди и достоинствени услови за олимпијците имала за ПР и маркетинг. Значи има пари за ПР ама нема за основни услови за спортистите.“, изјавија од СДСМ.

Вратија од ВМРО-ДПМНЕ и ја прашаа опозицијата зошто ја брани лошата организација на Олимпијадата од Македонскиот Олимписки Комитет.

„Навистина е симптоматично и чудно зошто СДС како политичка партија не и погледне на вистината во очи и ја брани преку дефокус лошата организација на Олимпијата од страна на МОК. Какви политички интереси има СДС во МОК. Се што беше побарано беше и овозможено како логистика од страна на Министерството за спорт. Се понатаму од оваа единствена вистина е срамна политизација за ефтини политички поени.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од 20 до 26 јули во Скопје и во Куманово се одржа Младинската Олимпијада на кој настапуваа околу 4 илјади млади спортисти од 49 европски земји.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ССНМ: новинарите беа турнати „зад ограда“ на Илинденската прослава во Крушево

Следно

Билансот на убиени Палестинци во Газа надмина 60.800, Израел продолжува со бруталната војна против Палестинците

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop