Не се криви 8 милијарди луѓе туку 57 компании

April 4, 2024
1 min read

Дури 80% од емисиите на јаглерод диоксид во светот во периодот од 2016 до 2022 година се резултат на само 57 корпоративни и државни производители на фосилни горива и цемент, објави тинк-тенкот InfluenceMap во својот нови извештај.

Според истражувачите, саудискиот нафтен гигант „Арамко“, рускиот гасен гигант „Газпром“ и државниот производител „Коал Индија“ се  топ три компании кои емитуваат јаглерод диоксид.

Минатиот месец, најновиот извештај за емисиите на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) покажа дека и покрај падот на употребата на фосилни горива во развиените економии, глобалните емисии поврзани со енергијата се зголемија во 2023 година на уште едно рекордно високо ниво бидејќи употребата на јаглен се зголеми на големите пазари во развој погодени од ниското производство на хидроенергија.

Глобалните емисии на јаглерод диоксид (CO2) поврзани со енергијата пораснале за 1,1% и лани достигнаа ново рекордно ниво од 37,4 милијарди тони.

Емисиите од јаглен сочинуваат над 65 отсто од порастот во 2023 година, соопшти ИЕА. Порастот на производството на електрична енергија на јаглен беше резултат на глобалниот недостаток на хидроенергија поради сушите.

Извештајот ја користи базата на податоци Carbon Majors, основана во 2013 година која регистрира податоци за производството на фосилни горива од 122 најголеми светски производители на нафта, гас, јаглен и цемент.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силјановска Давкова: Кога нема да го направите тоа што сте го ветиле треба да си заминете, ние доаѓаме

Следно

Прва изјава на Јуриќ по веста дека малата Данка е убиена: Снимката од Виена беше сламка спас за која се држев

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop