НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Се праќаат лажни СМС пораки за наводни казни од „Сејф сити“, еве како да ги препознаете (ФОТО)

January 20, 2026
1 min read

Измамниците не губат време, па веќе смислија нов начин за богатење. Овој пак искористувајќи го системот „Безбеден град“.

Неколку граѓани се обратија до нашата редакција, добиле СМС порака за сторен сообраќаен прекршок и линк со можност за негова наплата. Но, набрзо сфатиле дека се измамени. Дел, од нив пак, немаат возило регистрирано на нивно име, за воопштво да бидат во системот и евидентирани како евентуални сторители на сообраќаен прекршок.

Она што е воочливо во лажната порака која се испраќа е дека во истата НЕ Е наведен бројот на регистерската табличка. Во СМС пораките кои се испраќаат од МВР задолжително е наведена регистрацијата на возилото.

Лажната порака ќе ја препознаете и по името на испраќачот. Во официјалните СМС пораки кои од системот „Сејф сити“ се испраќаат до прекршителите на сообраќајните правила и прописи, како испраќач стои името „MVR-SC“.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски го награди Христијан Бошевски, фаќачот на Светиот крст во Битола

Следно

БАКЛАВА РОЛАТ КОЈ СЕ ТОПИ ВО УСТА: Ќе ја прекине секоја диета

Latest from Blog

Битолски водовод со демант: Улицата Индустриска не е оставена во хаос

ЈКП „Водовод“ – Битола јавно демантира неточни информации објавени во одредени политички статуси во врска со состојбата на улицата Индустриска во населбата Боримечка. Од претпријатието информираат дека чистењето на улиците се врши

Германскиот министер за надворешни работи го повика Иран да запре со напади врз трети земји

Вадефул најави и дополнителна хуманитарна помош од речиси 100 милиони евра и нагласи дека државите мора да спречат раселувањето на населението на Блискиот Исток да се претвори во „нов бран бегалци“. –

,,Прифати ли некој непристоен предлог од Грците?‘‘

Документите на ЦИА за финансиска понуда за првиот претседател на Република Македонија за промена на името ја покажуваат стратегијата и конзистентноста на грчката политика кога се работи за нејзини стратешки интереси. Тогаш

70% од граѓаните во Македонија користат телефон пред спиење, повеќе од 40% имале проблеми со спиењето

Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63
Go toTop