„Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“ – ССМ: На 2 април јавна седница

March 31, 2025
1 min read

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најавува дека во среда ќе излезат со јавна седница пред Работнички дом во 12:05 часот.

Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораките „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“, „Подадената рака на работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница утре!“ и „Не може да се одлучува за нас, без нас!“.

Како што информира ССМ, јавната седница е по одлука на Претседателството на ССМ од 28 март годинава со цел да се изрази јавното мислење поради остварување на социјални и економски интереси за заштита на работничките права и правото на слобода на здружување и синдикалното организирање. 

„Пратениците во Собранието избрани од работниците да го предложат и гласаат предлогот на ССМ за дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, како и зголемување на сите останати плати во приватниот сектор со зголемувањето на минималната плата. Да не гласаат Закони со кои се намалуваат работничките права на штета на работниците, онака сложно како што не гласаат Закони за намалување на нивните привилегии“, се вели во соопштението. 

Како што велат, газдите од Стопанската комора да ја прифатат подадената рака на работниците за зголемување на платите со цел задржување на квалификуваните работници во земјава поради тоа што, како што наведуваат, најмалку 15.000 работници и граѓани ја напуштаат Македонија секоја година, па доколку не се зголемат платите, тие ќе бидат главниот виновник за егзодус на работниците од Македонија.

„Владата да застане на страна на работниците, да престане да одлучува еднострано на штета на работниците, да го почитува социјалниот дијалог и да ги запре нападите кон синдикатите и обидите да се замолчат работниците. Владата како најголем работодавач, да ги зголеми платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, гранските колективни договори, колективните договори на ниво на работодавач, како и да ги усогласи со минималната плата согласно посебните закони“, стои во соопштението од ССМ. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Следно

Германија побара од Израел да дозволи влез на поголема хуманитарна помош во Газа

Latest from Blog

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

ВЕ БОЛАТ КОЛЕНАТА И КОСКИТЕ? Вклучете го ова во исхраната и зглобовите ќе бидат како „подмачкани“

Правилната исхрана богата со специфични нутриенти може да игра клучна улога во зачувувањето и можната регенерација на ’рскавицата, како и во долгорочното здравје на зглобовите. Болките во зглобовите и колената стануваат сè
Go toTop