Не бркате олимписка норма, нема потреба да станувате во 6 за да вежбате

April 14, 2024
1 min read

Универзитетот на Сиднеј прави анализа на 30.000 дебели лица со просечна возраст од 62 години. Ги следи цели 8 години за да утврди дали времето во денот кога се вежба влијае на здравјето.

Дебелите луѓе што вежбале после 18 часот имале 61% понизок ризик од смрт и 36% понизок ризик од развивање срцеви болести отколку оние што воопшто не вежбале.

Наспроти нив, оние кои вежбале наутро виделе само половина од оваа ќар, односно имале 33% понизок ризик од смрт и 17% понизок ризик од развивање срцеви болести во споредба со невежбачите.

„Истражувањето покажува дека тајмингот на физичката активност може да биде важен дел од идните препораки за справување со дебелина и дијабетес, и општо за превентивната здравствена заштита,“ објаснуваат истражувачите.

Физичката активност што се следи не е ограничена само на вежбање, туку опфаќа и активности како одење или чистење по дома. Учесниците се поделени во четири категории во зависност од тоа кога се случува најголемиот дел од нивната активност.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пехчевски: Добра вест е најавата за набавка на „трикафта“ за сите пациенти

Следно

НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИ ТОЈ ДЕН: Тажна објава на Лепа Брена, без оваа личност тешко се навикнува да живее – почина на денот кога тие беа најсреќни! (ФОТО)

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop