Не бидете пион во нивните шаховски игри

October 17, 2023
1 min read

Пред повеќе од една деценија, откако виде илјадници документи и видеа, Џулијан Асаж беше прашан што најмногу го има изненадено.

Одговори дека тоа е големата слика на војната (пост 11 септември) и како толку голем дел од смртта не се должи на воените конфликти, туку доаѓа од војници кои случајно или намерно убиваат цивили во зоните кои ги контролираат.

Тој опиша приказна за девојче во жолт фустан коe шеталo наоколу и им давала бонбони на војниците. Се однесувала убаво и ја третирале фино, сè дедека еден ден, тенк не решил а ја разнесе без причина.

Ова е нешто за што многу Американци не сакаат да зборуваат или да го спомнуваат, но Викиликс откри огромен број воени злосторства што ги извршила американската војска и војници кои или правеле како што им било кажано, или се одметнувале и самоволно убивале невини.

Кога вашите меинстрим медиуми и армијата постојано ви кажуваат „овие луѓе нè мразат, сакаат сите да нè видат мртви, ја мразат Америка, ја мразат слободата“, создаваjќи зла Бабарога која мора да се елиминира, ќе се цимнат разни социопати кои немаат проблем да убиваат невини, вклучително и деца. Исто како што гледаме сега со Хамас во Палестина или со Израел и бомбардирањата.

Некои од вас можеби се сеќаваат на некои од оние стари видеа кога Викиликс првпат стана познат, како војник фрла кученце од карпа без никаква причина или војници кои влегуваат во домовите и покосуваат цели семејства, вклучително и деца, без да знаат дали се „терористи“. Ги видов овие видеа пред многу години и сè уште ми се врежани во глава. Камо среќа да можев да ги заборавам.

Можете да најдете многу вакви примери во секоја нација и секоја војска ширум светот, и тие покажуваат симптом на многу поголем проблем во општеството, како тоа станавме толку обесчувствени на војна и смрт,  за нашите перцепции дека непријателот не е како нас и заслужува да биде елиминиран.

Секој Американец треба да се помири со фактот дека американската војска извршила злосторства исто толку страшни како Хамас и Израел, а залагањето за повеќе војна, смрт и уништување по налог на овие криминални централни банкари не поправа ништо. Тоа само ги прави побогати и помоќни. Престанете да бидете пион во нивните шаховски игри. Сите војни се банкарски војни.

@Inversionism

**********

Бонус: Такер Карлсон за воените хушкачи во американската висока политика:

***********

Види го и документарецот: Сите војни се банкарски војни

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Катедрата за современ танц при УГД гостува светски признатата кореографка и професорка на Кралскиот конзерваториум во Хаг Џоан Ван Дер Маст

Следно

Секој што ќе критикува може да биде наречен антисеминист

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop