Не бесот, не одмаздата – ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ОДГОВОР НА ПРЕДАВСТВОТО

January 24, 2026
3 mins read

Предавството
не е само измама или навреда. Тоа е фундаментален пад на довербата, по кој
ништо повеќе нема да биде исто. Доаѓа од неочекувана страна – од сакан човек,
колега, пријател. Од луѓе на кои сме им верувале. Првата реакција на таквата
болка често е деструктивна: шок, бес, потреба да се одмаздиме, да го казниме
виновникот и да го натераме да почувствува иста горчина… Но, постои и друг
начин – тивок, суптилен, студен и неверојатно моќен.

Да, предавството боли, сакаме тоа да го признаеме или
не. Некој можеби флегматично ќе одма
вне со рака, иако во длабочината на душата не му е
сеедно. Кога нож во грб ќе ни забоде сакан човек, деловен партнер во кој сме се
заколнале или пријател од детството, по првичниот шок често ни самите не знаеме
како да реагираме. Да му свртиме грб? Да се одмаздиме? Да направиме нешто уште
полошо, бидејќи и такви работи се случуваат? Не, нема да одиме во екстрем.

Сочувајте го
здравиот разум, тоа е најважно. Не паѓајте на нивото на
предавникот, напротив. Покажете дека поседувате
внатрешна сила која секоја злоба ја дроби на најмали делчиња. „Како одговор на
навреда, бакни го непријателот и тој ќе почувствува многу поголема болка“,
гласи една од будините мантри, а слични совети можеме да најдеме и во
библиските текстови.

Желбата за
одмазда е природна. Произлегува од чувството на правда, кое другата страна го
нарушила. Сепак, кога се тргнува по патот на одмаздата, личноста прави две
клучни грешки. Прво, дозволува
предавникот
да продолжи да го контролира нејзиниот живот, емоции и постапки. Енергијата во
тој случај не се троши на опорав
ување,
туку на планирање на удар во одмазда.

Второ, како
што рекол Конфучиј: „Кога ќе започнеш со одмазда, копаш два гроба – еден за
непријателот, еден за сопствениот душевен мир“. Одмаздата не ја лекува раната,
таа само привремено ја ублажува болката, оставајќи пустош и нови циклуси на
негативност. Дури и кога се сервира „ладна“.

Зборовите што му се припишуваат на Будa не се буквален повик на
физичка акција, туку метафора за највисоко ниво на непружање отпор и внатрешна
трансценденција. „Бакнежот“ во овој контекст претставува мирно, достоинствено
прифаќање на ударот без возвратна агресија. Тоа може да биде „леден“ мир, тивко
повлекување или најмоќното – некој љубезен, неутрален одговор, како „ви
благодарам“.

Зошто тоа
боли повеќе од одмаздата? Затоа што таквата реакција целосно го уништува
сценариото на
предавникот.
Тој веројатно очекува конфликт, драма, борба во која или ќе победи или ќе се
претстави како жртва. Но, не е подготвен да „го слушне“ молкот на другата
страна. Ќе остане сам и ќе мора да се соочи со последиците од своите постапки,
лишен од можност да ве влече во емоционална бура.

„Вашиот мир
станува огледало во кое се гледа подлоста на неговото однесување. Тоа е
бумеранг кој уд
ира не по ваша команда, туку по законите
на совеста и човечката психологија. Болката доаѓа од спознавањето на
сопствената небитност и потполниот неуспех на оној што
одбрал да ве повреди или потчини.“

Замислете,
на пример, ситуација на работа. Колега на кој безрезервно му верувате ја
присвојува вашата идеја и ја претставува пред надредените како своја. Кога
вистината излегува на виделина, природно е да се очекува изговор, скандал,
можеби дури и извинување. Но, силата лежи на друго место… Го гледате и
едноставно велите: „Драго ми е што мојата идеја беше корисна за проектот“. А
потоа само се свртувате и си одите.

Во овие
зборови нема ниту злоба, ниту сарказам. Тоа е констатација на фактите и
одбивање да се борите на туѓ терен. Пре
давникот ќе биде збунет, неговата „победа“ ќе
се претвори во пепел, а вие ќе го сочувате угледот и енергијата.

Можеме како
пример да земеме и некоја лична приказна. Близок пријател шири лаги за вас.
Кога ќе дознаете, нема да тргнете во контраудар или контрапопуларизација.
Едноставно престанувате да го повикувате. А кога случајно ќе се сретнете со
него, се однесувате љубезно и држите дистанца, како да сте се сретнале со
познаник кој не е дел од вашиот свет. Тоа е будиниот „бакнеж“ – чин без омраза,
кој јасно ја црта границата.
Предавникот најмногу
ќе
го боли кога ќе
сфати дека засекогаш
ја
изгубил ваш
ата доверба и почит, дека дури и вашиот
гнев не го заслужува.

Што всушност
се крие зад таквата реакција? Таа не е знак на слабост или покорност, туку врв
на емотивната зрелост и самоконтролата. Побарува внимание и разбирање дека
нашата вредност не зависи од постапките на другите, бара емоционална хигиена и
длабоко самопочитување. Зашто трошењето на драгоцена енергија и живот на
одмазда значи дека не го почитуваме своето време и мир.

Болката, од
друга страна, нема веднаш да исчезне. Ќе мораме да се соочиме со неа, да ја
поднесеме. Да се излечиме. Но, нема да
го положиме оружјето пред предавникот, нема да дозволиме нечие
предавство
да нè
дефинира. Нема да прифатиме игра во која „тој“ ги поставува правилата. Во тоа
тивко одбивање лежи нашата сила. Токму таквото однесување ќе ја исфрли другата
страна од такт и ќе ја натера повторно да се врати на моментот кога, мислејќи
дека ни зададе тежок удар, всушност ја погоди сопствената сенка. И сега со таа
сенка ќе мора да живее.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столе на голот а Валенсија реди победи!

Следно

„Не сум мртов!“ – Роб Кардашијан се враќа пред камерите по девет години

Latest from Blog

Сообраќајот во државата се одвива непречено и по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, соопшти АМСМ и информира дека сите државни патишта се

Омерагиќ меѓу македонските прволигаши на подготовките во Анталија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна посета во Анталија, каде што се сретна со претставници на македонските клубови кои ги реализираат подготовките за продолжението на Прва МФЛ. Омерагиќ

„Не сум мртов!“ – Роб Кардашијан се враќа пред камерите по девет години

Роб Кардашијан, поранешна ријалити-ѕвезда, се врати пред камерите по девет години пауза. Роб Кардашијан првпат се појави на малите екрани на 20-годишна возраст во ријалити-програмата „Keeping Up With the Kardashians“, но од

Столе на голот а Валенсија реди победи!

ФОТО: Valencia C.F/FB Иако Столе не успеа да ја сочува мрежата, сепак и тоа како помогна неговата Валенсија да слави исклучително значајна победа против силниот Еспањол со 3:2. Така е тоа, Столе
Go toTop