НБА: Почетна предност за Денвер и Њујорк

May 6, 2025
1 min read

Кошаркарите на Денвер поведоа против Оклахома во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако синоќа го добија првиот натпревар на гостински терен со 121-119, а почетна предност на Истокот стекна Њујорк совладувајќи го актуелниот првак Бостон со 108-105.

Победата на кошаркарите на Денвер, кои надоместија негатива од 14 поени во второто полувреме, ја донесе тројката на Арон Гордон на четири секунди пред крајот на натпреварот, по асистенцијата на Расел Вестбрук. Претходно, на другата страна, Чет Холмгрен промаши две слободни фрлања при водство на Оклахома од 119-118.

Српскиот центар Никола Јокиќ беше најефикасниот играч на Денвер со 42 поени, 22 скокови и шест асистенции.

Вториот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток, а Оклахома повторно ќе биде домаќин.

Њујорк поведе во полуфиналето на Источната конференција, совладувајќи го на гостински терен бранителот на титулата Бостон по продолжение со 108-105 и покрај негативата од 20 поени во второто полувреме.

За Њујорк ова е прва победа над Бостон по серијата од четири порази во регуларниот дел од сезоната. До победата ги предводеше Џејлен Брансон со 29 поени, пет асистенции и четири скокови

Вториот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток во Бостон.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мексико го прослави Синко де Мајо, победата над француската армија

Следно

Стојаноски: На 1200 локации до крајот на годинава ќе се гради во рамки на јавниот повик за инфраструктурни проекти од Владата

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop