Навивачи на Сантос влегоа на тренинг по срамниот пораз од Васко Де Гама

August 22, 2025
1 min read

Големи, огромни проблеми има тимот на Сантос, и големата звезда Нејмар. По доживеаниот срам и поразот од Васко Де Гама од 0:6, ситуацијата во клубот е страшна, а се знае како ќе реагираат и навивачите на овој легендарен бразилски состав.

Дојдоа на тренинг да се соочат очи во очи со играчите и со големиот Нејмар. Нему му напишаа порака која што треба да ги допре сите и да се свестат всушност кој дрес го носат, ако досега не им е јасно.

Тие го замолија Нејмар да даде повеќе од себе на теренот: „Ти си ѕвездата на овој тим, ти си најдобриот играч на планетата. Ако плачеш, замисли ги и другите. Ако се тепаш со навивач, ќе биде полошо за сите.“ – напишаа навивачите.

Нејмар беше првиот што критикуваше откако го напушти теренот во солзи.

„Мораме да го објасниме нашето однесување на теренот. Накратко, беше ужасно. Штета е да се играат вакви игри со дресот на Сантос“, критикуваше бразилската ѕвезда.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски оствари средба со словачката амбасадорка Ивета Хрицова

Следно

Приходите од туризмот во Грција во првата половина од годинава се зголемиле за 11 отсто

Latest from Blog

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop